Како на Див Запад, синоќа во Чаир се случи уште едно во низата пукања.
Со доаѓањето на власт на ДПМНЕ и Мицкоски состојбата со безбедноста на улиците е алармантно и катастрофално влошена, криминалните пресметки се во голем пораст.
Секојдневните крвави инциденти и пукања потврдуваат сериозно влошена безбедност на улиците и ја покажуваат целосната неспособност на Тошковски и МВР.
Уште колку човечки животи треба да бидат загрозени пред Тошковски да ја преземе одговорноста за хаосот на улиците и да си даде оставка?
Над 20 оружени инциденти се случија во изминатите 100 дена власт на ДПМНЕ. Ова е трето пукање за само еден месец, минатата недела беше повреден 19 годишен човек, претходно исто така имаше пукање со повредени момчиња од 19 години.
Освен во Чаир, пукања имаше и во Арачиново, Батинци, Синѓелиќ, Пластичарска улица, Тетово, се случи убиство кај Мавровка и уште десетина други убиства.
Граѓаните стравуваат за својата безбедност а Тошковски и ДПМНЕ немаат капацитет да ги заштитат. Немало досега понеспособен министер за внатрешни работи. /МИА