• Latest

Сè помалку ученици во училишните клупи

September 2, 2019

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Сè помалку ученици во училишните клупи

Како најголем проблем за тоа може да се посочи кон нискиот економски стандарт во државава. Овој проблем не се појавува преку ноќ, веќе долго време сме сведоци на иселувањето или „печалбарството“ на одредено време во странство.

September 2, 2019 16:09
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во изминативе 18 години има над 60.000 ученици помалку запишани во основните училишта, според податоците од Државниот завод за статистика. Драматичниот пад на бројот се гледа и од инфографикот на „Рефлектор“, како и од податоците што се јавно достапни на веб страницата на Државниот завод за статистика.

извор: РЕФЛЕКТОР

Во 2000/2001 година во државава имало 249.375 ученици во основните училишта низ земјава, додека во 2018/2019 година 188.102 ученици, каде точната разлика е 61.255 ученици.

Според податоците на Државниот завод за статистика најмалку ученици во основните училишта има во 2018/2019 година има во општина Зрновци, односно само 155 ученици. По Зрновци доаѓа општина Лозово, со 193 ученици во основните училишта за 2018/2019 година.

Општина со најмногу ученици во основните училишта за 2018/2019 година е Куманово, со 10.338 ученици, а втора општина е Тетово, со 9.947 ученици.

Оваа појава на намалување на бројот на ученици може да се поврзе со наталитетот во Македонија, односно живородените деца.

Во 2018 година, во државава се родени вкупно 21.484 деца, од кои живородени се 21.333. Бројот на живородени деца во 2018 година, во споредна со 2017 година е намален за 1.9 отсто, според податоците на Државниот завод за статистика.

Во 2017 година се родени вкупнo 21 946 деца, од кои 21.754 живородени. Бројот на живородените деца во 2017 година, во споредба со 2016 година е намален за 5.4 отсто.

Покрај намалувањето на наталитетот, може да се забележи зголемување на иселувањето од државава.

Како најголем проблем за тоа може да се посочи кон нискиот економски стандарт во државава. Овој проблем не се појавува преку ноќ, веќе долго време сме сведоци на иселувањето или „печалбарството“ на одредено време во странство.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2019 година, активното население изнесува 960.743 лица, од кои вработени се 789.414, а невработени се 171.329 лица, со што стапката на невработеност изнесува 17.8 отсто.

Последните податоци од Еуростат покажуваат дека од Западен Балкан во земјите на ЕУ минатата година се отселиле 228.000 жители. Само од Македонија изминатата година се иселиле 24.300 жители.

Во програмата на Владата од 2016 година, во планот за живот стои и дека ќе направат младите да останат во Македонија, каде пишува дека ќе обезбедат достоинствен живот и повисоки плати за сите граѓани, дека Македонија ќе стане членка на НАТО и Европската унија, бидејќи ги споделува истите вредности и на своите граѓани им ги должи истите стандарди и придобивки.

Останува да видиме колку време ќе ни треба на сите нас да го спроведеме овој план или ќе ни останат градовите и селата низ Македонија речиси празни, како сега.

Ангела Петровска

Share41Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ