• Latest

Се споредуваат ли дипломите од факултетот на тате со пост докторските усовршувања на Харвард?

December 18, 2021

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Се споредуваат ли дипломите од факултетот на тате со пост докторските усовршувања на Харвард?

Старите Латини рекле „simillis simili gaudet“. -пошироко преведено и како: споредби можат да прават меѓу себе сличните личности. Кога се ставаат забелешки за пост докторските усовршувања на Харвард на новиот лидер на СДСМ  Ковачевски, споредби и асоцијации можат да прават само оние кои барем биле во дворот на оваа култна високошколска установа!

December 18, 2021 11:27
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Култниот писател на соц-реализмот  Максим Горки во своите сеќавања насловени како „Мои универзитети“ со голема горчина го опишува своето образовно издигнување во животот. Поседувајќи само љубопитност кон книгата и менувајќи многу занаети за кои не му била неопходна диплома Алексеј Пешков (неговото вистинско име) тврдел дека како личност се изградил преку отпорот кон средината а „никогаш не очекував помош од никого, како што не очекував ниту дека некогаш ќе имам среќна пауза“.

Дали лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски не очекувал дека нема да има помош од некаде во текот на своето формално образование? Ова ни доаѓа во мислите откако го повторивме сознанието што тој му ги предочи на сега експремиерот на Бугарија Борисов при нивната средба надвор од границите за „неговите универзитети“

(https://www.youtube.com/watch?v=B_-2C5Xei14).

Запрашан од бугарскиот премиер како ги гледа тој како опозиционер на идните македонско –бугарски „одношенија“ , Христијан Мицковски го одбегнува директниот одговор, небаре е во некое од македонските ТВ студија (било кое, да се разбереме) и почнува да говори за своето европејство, додавајќи го како доказ фактот дека магистрирал како стипендист на италијанската влада во Италија а докторирал како стипендист на германската влада во Германија.

Оваа негова – да ја наречеме биографска арабеска – не остави впечаток на Борисов, но покажа дека едноставно и надвор од границите шефот на опозицијата, сега новоизбран – благо речено не ја говори вистината. Не знаејќи дека средбата е снимана, во мизансцен на студентска менза, на валкана маса полна со испиени шишенца, кои бугарскиот шеф на владата со еден  потег ги тргна од пред окото на камерата, за се’ да биде појасно во визирот на сведоштвото за тој миг, практично Мицковски прескокна прилично голем период од својот живот, како и фактот дека неговите дипломи се апсолутен производ на сенката на неговиот татко -професор на факултетот каде студирал: Машинскиот во Скопје.

Во неговите официјални податоци од факултетот (https://www.mf.ukim.edu.mk/content/мицкоски-христијан) стои дека студирал на оваа високошколска македонска установа *од 1996 – 2001 година), потоа дека тука магистрирал (2001-2003) а дека тука и докторирал (во периодот 2005 – 2009). При тоа во периодот 2001-2002 бил главен проектант и изведувач во фирмата Фото клима. Добро, Мицковски завршил факултет но оние кои се проектанти, макар и обични знаат дека треба многу време и бара многу проекти зад себе за да се добие звањето проектант а да не говориме за она „главен проектант“. Правното лице, според регистрацијата е фирма за монтажа на клима уреди.

Во периодот 2002 – 2004 година станал помлад асистент а во 2004 година станува асистент на овој факултет.

Клучот за овие негови „универзитети“ секако е татко му Иван Мицковски, долгогодишен професор и тогаш актуелен продекан за финансии на истиот. Впрочем, многу е пишувано на тема – потенцијален непотизам кој е видлив од овој дел на биографијата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ!.

Патем и кај одделот научни трудови, кога ќе кликнете нема ништо, кај трудови стојат само неколку интерни скрипти како учебни помагала! А помлад асистент, па потоа дури и асистент. Нели, очекувате тој напредок да биде верификуван со нешто .. А згора и проектант па уште и главен проектант и изведувач за што на вистинските носители на овие титули секако им се бурбати кога ќе се прават споредби. Ако на сајтот на Машинскиот кликнете на она „проекти“ не добивате – ништо. Зеро!

Толку за овие споредби, бидејќи делумно читателите и се упатени во оваа тематика. Но, поводот секако си го дава самиот Мицковски – нападот врз новоизбраниот лидер на СДСМ Димитар Ковачевски непосредно после неговиот избор по основ на прашањето на образование стана точка каде ќе се оспорува неговиот квалитет.

Всушност, Мицковски само си го брише путерот кој му се лизга од главата кога е неговата образовна биографија во прашање и се обидува да ги избрише трагите од лизгавата материја на лицето токму на подрачјето каде нема никакво крпче: образованието на сега неговиот клучен политички конкурент„!

Факт е, на пример, дека завршниот дел од средното образование го завршува во Вотервил Елизиан Мористаун гимназијата во Минесота, САД. И во мое време одредени добри ученици со соодветно познавање на англискиот можеа до матура да стигнат во САД – Васил Тупурковски беше еден од таквите, на пример.

Ковачевски јасно кажува дека дипломирал и магистрирал на УКИМ.

Докторските студии по економија ги завршува на Економскиот факултет на Универзитетот Црна Гора во 2008 година каде се стекнува со титулата доктор на економски науки. И ова е чест пример кога се настојува да се докторира надвор од матичната земја чисто заради засилување на уверливоста на квалитетот одбрана на дисертација на „туѓ терен“. Односно, со ова се настојувало да се убеди јавноста дека во докторирањето најмалку постои она „тате“ како во случајот со Мицковски! Што споредуваме сега?! Зарем и ова не е доволно кога се работи за штабот од Белата палат?!.

Секако дека постои и практиката на постдокторски усовршување (човек се учи додека е жив, освен ако не се смета за „најумен“). Ковачевски имал такви искуства со стручно усовршување на Школата за Бизнис при Харвард Универзитетот во 2011 година, Продолжува и на Европскиот претприeмачки колоквиум на Техничкиот Универзитет во Минхен каде станал ЕФЕР ЕЕЦ Алумни во 2015 година. Тука се, да споменеме, Ротердам Школото за Менаџмент при Еразмус Универзитетот во Холандија во 2016 година и ЕАДА Бизнис Школото во Барселона, Шпанија во 2017 година, што и не било можно без совршено знаење на англискиот и добро познавање на германскиот. Ако некој има во Белата палата „да го испита“, нека повели!

Колку за портпаролот Наум Стоилковски кој го обвинува Ковачевски дека направил „фотошоп“ со дипломата на Харвард, знаеме дека е вешт мајстор да прави конструкции, па и тоа дека некој дипломирал на Харвард – пишувањето на вистината не се учи ниту со минат стаж во  „Република“ а најмалку во пропадната телевизија „Нова“. За да говори за постдокторски усовршување може само некој што е барем приближно достоен за тоа ниво. Знаете по oнаа латинската „simillis simili gaudet“. Ова секако важи и за „синот на тате“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ