Основното јавно обвинителство сè уште не утврдило дали системот за распределба на судските предмети – АКМИС – бил злоупотребен. Иако помина година и пол откако Министерството за правда го достави извештајот од контролата на системот АКМИС, Обвинителството и натаму ја продолжува постапката за собирање докази.
Министерството за правда му го предаде извештајот од контролата на системот за распределба на предмети – АКМИС на 28 јануари 2018 год. Според извештајот, утврдено е дека во Кривичниот и во Врховниот суд распределбата на предметите се вршела рачно, а не според програмата која ги дистрибуира автоматски, додека обвинителството продолжува со истрагата.
Од обвинителството велат дека во тек е вештачење на кое што треба да се покаже дали системот за распределба на судските предмети бил злоупотребен, и се врши сослушување на сите лица кои би можеле да имаат сознанија за наодите во извештајот од вештачењето, спроведено во Системот за распределба на судски предмети АКМИС.
Од Министерството за правда велат дека извештајот е поднесен до Обвинителството и отсега натаму е нивна должност.
Според описот на програмата од страна на компанијата, АКМИС е автоматизиран систем за управување со судски предмети, кој ги автоматизира и ги пренесува сите аспекти на животниот циклус на предметите, и тоа од отворањето според иницијали на предметот преку неговата распределба, било да е прекршочен кривичен, граѓанско предмет итн.
Карактеристики на системот АКМИС, според производителот
– Ги опфаќа сите аспекти на управување со судски предмети во сите видови на судови;
– Работи он-лајн и во реално време;
– Обезбедува услуга во текот на 24 часа, седум дена во неделата, 365 дена во годината;
– Систем со висок обем кој може да работи во сите видови судови во различни организациски структури;
– Обезбедува целосна заштита на информациите и податоците;
– Обезбедува генерирање на повеќе различни извештаи;
– Видливо ги намалува задачите кои се повторуваат;
– Обезбедува подобрена статистика и надзор.
Од 2010 година АКМИС е оперативен во сите 34 судови на Северна Македонија, заменувајќи ја рачната обработка на предметите. Потребата за контрола на системот АКМИС дојде откако во извештајот на Прибе беше речено дека “постојат перцепции дека судските случаи не се делат преку АКМИС системот”. Министерството за правда пред крајот на 2017 год. го објави извештајот што произлезе од контролата на АКМИС. По извршената контрола во Апелациониот суд, беше забележано дека голем број судски предмети за одредена постапка не биле доделени на судиите за претходна постапка и дека предметите се чувале во регистар. Во Врховниот суд е утврдено дека предеметите се делат рачно и дека не е формирана ниту работна група за распределба на предметите. Во Основниот суд Скопје 1, годишниот план за управување со судските предемти е донесен во 2013 година и дека за истиот не е формирано ниту работно тело, што значи дека тука предметите се делеле рачно. Дури и работното време во овој суд не било стабилно, само во текот на септември 2017 година истиот бил променет три пати.