• Latest

Се воведува европскиот број за итни повици Е-112

November 16, 2021
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Се воведува европскиот број за итни повици Е-112

November 16, 2021 15:09
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во употреба се воведува европскиот број за итни повици Е-112. Во случај на нерсреќа, граѓаните ќе можат да се јават на овој број и да го пријават настанот. Во исто време, преку координација од Центарот за управување со кризи (ЦУК) ќе се ангажираат сите единици, полицијата, итната медицинска помош и бригадата за противпожарна заштита. Се уште остануваат во функција телефонските броеви 192, 193, 194.

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов на денешната прес-конференција нагласи дека новиот број 112 е потребно да го знае секој граѓанин. Ја истакна сериозноста на професионалните обврски кои ќе ги имаат примателите на повик, односно телефонски оператори, кои ќе се јават од Скопје, но и од останатите простории низ државата. Соопшти дека затоа предложиле до Владата, а потоа и добиле одобрение во Законот за управување со кризи да се направи измена и примателите на повици да имаат зголемена плата од 30, односно 35 проценти. Најави дека вработените во овој сектор 112 ќе имаат поголема плата за 35 проценти.  

-Воспоставивме соработка со МО, каде што сите лица коишто ќе работат со Е-112 најпрво ќе мора да положат тестови за интелигенција, тестови за карактерни особини, тестови за познавање на англискиот јазик или евентуално познавање на друг јазик. Меѓу вработените ќе има и лица коишто го зборат албанскиот јазик, но и за нив е потребно да го зборуваат англискиот или друг светски јазик, рече Ангелов. Додаде дека ќе биде потребно и познавање на комјутерски вештини.

Примателот на повик, како што рече, треба да ја води жртвата, треба да ја одржи во живот доколку се наоѓа во животна опасност. 

Раководител на проектот и на секторот 112 во ЦУК Душко Петровски информира дека се работи за европски проект кој треба да го имплементира секоја земја аспирант и членка на ЕУ. Целта е да се спроведе како единствен европски број за итни повици со цел да му се помогне на населението во случај на загрозување на нивните животи или материјални добра на државата. Почетокот на проектот е од 2008 година, а во 2016 година била втората поголема активност. Покрај ЦУК, во проектот се вклучени министерствата за внатрешни работи, за здравство, бригадите за противпожарна заштита, Агенцијата за електронски комуникации, Дирекцијата за заштита и спасување…

Во 2020 година, со доаѓањето на Стојанче Ангелов на функцијата дуректор на ЦУК, почнала адаптација и реконструкција на шест оперативни центри. Покрај овој оперативен центар во Скопје, како центри се Тетово, Битола, Штип, Охрид, Струмица и Велес и последниот осми регионален центар ќе биде во Куманово. 

-Италијанската компанија „Бета 80“ која го добив тендерот за набавка на средства и опрема со која сме во секојдневен и постојан контакт ги обезбедува сите врски, средства и опрема информатички за функционирање на 112, комуникациската поврзаност помеѓу овие центри, како и обуката која претстои и која треба да претстои во наредниот период, изјави Петровски.

Оваа платформа ќе означи мултијазична поддршка за граѓаните коишто ќе се јавуваат, без разлика дали се работи за македонскиот, албанскиот јазик, англискиот јазик и јазици коишто се најзборувани во ЕУ. Овозможува поддршка на разни групи на граѓани со посебни потреби – слепи лица, лица коишто имаат потешкотии со говорот или за неми лица и исто така ќе функционира со прием на повици преку СМС или прием на повици преку социјалните мрежи.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ