CivilFest
Categories

КРИЗА Се заоструваат односите меѓу Србија и Косово

Српската премиерка Ана Брнабиќ по повод највите за формирање на Косовска војска изјави дека се надева дека Србија нема да мора да ја употреби својата армија.

„Се надевам дека никогаш нема да мораме да ја употребиме нашата војска, но во моментот тоа е една од опциите на маса, бидејќи не можеме да гледаме ново етничко чистење на Србите и нови бури, иако (премиерот на Албанија) Еди Рама тоа го повикува“, истакна Ана Брнабиќ на прес конференцијата во Владата на Србија.

Таа негира дека Србија го прекршува ЦЕФТА договорот и додаде дека била наивна кога поверувала оти албанскиот премиер Еди Рама дека ќе ја предупреди или ќе ја повика Приштина да се вразуми во однос на воведувањето на такси за стоки од Србија и од БиХ.

Инаку, според пишувањата на српски Новости брод со контејнер полн со најново вооружување за потребите на опремувањето на косовската војска е на пат преку Атлантикот до пристаништето Драч во Албанија.

Print Friendly, PDF & Email