Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за европски прашања на која на дневен ред се Предлог-законот за парничната постапка, Предлог-законот за Академија за судии и јавни обвинители, Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, Предлог-законот за адвокатурата.
Членовите на оваа Комисија треба да го разгледаат и Предлог-законот за заштита на физичките лица во врска со обработката на личните податоци за цели на спречување, истрага, откривање или гонење на кривични дела или за извршување на кривични санкции.
Францускиот амбасадор Бомгартнер во посета на Собранието
Исто така и францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер денеска во посета на Парламентот каде ќе се сретне со генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова.
Како што е објавено на веб-страницата на законодавниот дом, ќе биде потпишан меморандум за соработка меѓу Собранието на Република Северна Македонија и Амбасадата на Франција во Северна Македонија.