Седницата на Централниот одбор на СДСМ ќе заседава во Охрид, ќе започне во 16 часот, а се очекува изборот на новото партиско раководство, како и заокружување на внатрепартиските промени.
На дневен ред се и суштинските промени во партијата, новиот систем на дејствување и работа на партијата и напредокот на државата.
Разрешени се и целиот извршен одбор на СДСМ, сите шест потпретседатели на партијата, генералниот, организацискиот и меѓународниот секретар, како и координаторката на Форумот на жени на седницата на Централниот одбор минатиот месец.
Исто така, разрешени беа и Александар Кирацовски, генерален секретар, Миле Зечевиќ организациски секретар, Дане Талевски, меѓународен секретар, Цветанка Ласкова координатор на Форумот на жени и шесте потпретседатели Фросина Ташевска Ременски, Оливер Спасовски, Петре Шилегов, Благој Бочварски, Дамјан Манчевски и Мухамед Зекири.