• Latest

„Сега се е јавно, корупцијата не се исплати“ кампања на Владата, пописот да не се злоупотребува, најголема смртност кај најмалку вакцинираните општини

September 3, 2021
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

„Сега се е јавно, корупцијата не се исплати“ кампања на Владата, пописот да не се злоупотребува, најголема смртност кај најмалку вакцинираните општини

September 3, 2021 20:57
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ „Сега се е јавно, корупцијата не се исплати“, порачува Владaта

„Сега се е јавно, корупцијата не се исплати“ е мотото на новата кампања на Владата за подигање на свеста на граѓаните за препознавање корупција. Кампањата, која на денешната прес-конференција ја промовираа премиерот Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски, е насочена кон целосно искоренување на оваа појава во општеството. Целта е да се мобилизираат и охрабрат граѓаните и јавната администрација во обезбедувањето на заштитни механизми и отпор против корупцијата. 

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ Апостол Симовски: Драго ми е што најголемите политички субјекти дадоа поддршка за пописот

Драго ми е што најголемите политички субјекти дадоа поддршка за пописот, и јас сум многу благодарен за тоа, меѓутоа, толку. не ни треба повеќе од тоа, бидејќи ова е сепак една стручна операција, професионална, којашто ние како институција треба да ја спроведеме на најпрофесионален можен начин.

ЕДИТОРИЈАЛ

Граѓанското општество се залага за вредности. Тоа е исклучително важен инструмент во рацете на граѓанките и граѓаните, да ги артикулираат и одбранат своите права и слободи, своите потреби и интереси, да поставуваат барања и да учествуваат во креирањето на политиките и практиките на локално и национално ниво. Граѓанските организации и иницијативи се суштински важни за граѓанското учество во процесите на донесување на одлуките и нивното спроведување, пишува Џабир Дерала во својата анализа „Кој тоа „пере’’пари ‘’ 

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЗЕЛЕНИ Одржливиот концепт и циркуларната економија станува дел од речиси секој аспект на секодневието и на граѓаните и на бизнисите. Тоа е тесно поврзано и со иднината и начинот на образование на младите. Тие кои ќе треба да бидат главните носители на борбата со климатските промени мора да се едуцирани

Најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) покажуваат дека огревното дрво останува главниот енергенс што граѓаните го користат за затоплување на нивните домови во грејната сезона.

ОБРАЗОВАНИЕ  Според податоците на Министерството за образование и наука, добиени  од раководствата на училиштата на втори септември, меѓу учениците, само 0,01 % се активни случаи на Ковид-19. Ист е процентот и кај наставниот кадар

АНТИДИСКРИМИНАЦИЈА Отакако зачестија случаите на дискриминација од страна на вработените во Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје (ЈСП), од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) во наредниот период ќе им одржат обука за дискриминација со цел сензибилизација на возачите, контролорите и други вработени во работата со најразлични маргинализирани групи.

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ Државната изборна комисија денеска ги презеде од германската компанија „Дермалог“ првите 200 уреди за биометриска идентификација на гласачи, кои ќе бидат употребени на претстојните локални избори.

СТРАТЕШКИ СОВЕТ Тоа што се случува во Авганистан, но и сите други геополитички поместувања покажуваат дека непредвидливоста останува главна карактеристика на меѓународен план. Исправна е одлуката да се прими првата група на лицата кои имаат потреба од хуманитарна заштита, бидејќи сме членка на НАТО и е важно во исцртување на нашата меѓународна позиција

КОВИД 19 Од Министерството за здравство информираат дека за време на четвртиот ковид бран, во период од јули до крајот на август, епидемиолошките анализи покажуваат дека најголема смртност кај пациенти со ковид имало во градовите каде имало најнизок процент на вакцинирано население.

МУЛТИКУЛТУРА

#НaправиРазлика #ПочитувајГирРазличностите

Со своето учество во иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика: Почитувај ги различностите“, Атиџе Муратова преку видео порака им порачува на граѓанките и граѓаните дека сите сме исти.

СЛОБОДНА ЗОНА

Лидерот на партијата Единствена Македонија, Јанко Бачев, ја избриша спонзорираната содржина од својот Фејсбук налог, со која ширеше верска и етничка нетрпеливост, со тоа што ја побара довербата од охриѓан(к)и за, ако случајно победи на локалните избори, да може да го сруши минарето на охридската Алипашина џамија, пишува во својата колумна „ Пиши-бриши „патриот ‘’  Дерхан Муратов.

Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ