• Latest

„Сега се е јавно, корупцијата не се исплати“, порачува Владaта во кампањата за борба против корупцијата

September 3, 2021
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Сега се е јавно, корупцијата не се исплати“, порачува Владaта во кампањата за борба против корупцијата

September 3, 2021 13:55
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Сега се е јавно, корупцијата не се исплати“ е мотото на новата кампања на Владата за подигање на свеста на граѓаните за препознавање корупција. Кампањата, која на денешната прес-конференција ја промовираа премиерот Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски, е насочена кон целосно искоренување на оваа појава во општеството. Целта е да се мобилизираат и охрабрат граѓаните и јавната администрација во обезбедувањето на заштитни механизми и отпор против корупцијата.

Станува збор за широка комуникациска кампања со цел да се информира јавноста за оваа појава и да се распознае и пријави корупцијата. Изработени се три спота во кои се претставени случаи на корупција и заштитните механизми, a ќе биде креирана и посебна интерактивна веб страница.

Во кампањата Владата и граѓаните се на иста страна во борбата против корупцијата. Не постои ситна или голема корупција, ниту пак различен пристап меѓу големата и малата корупција. Мора да им се застане на патот на сите кои го корумпираат општеството, а тоа го можеме само заедно, истакна Заев на прес-конференцијата во Владата.

Порача дека никој не е заштитен и оти мора со заеднички сили и со помош на граѓаните да се искорени оваа појава, а најсилната помош Владата треба да ја добие од граѓаните. Тие треба да пријавуваат.

На проверка ќе биде и профитот кој не се совпаѓа со заработувачката, освен јавните функционери и администрацијата, ќе бидат подложни и граѓаните. посочи премиерот.

На кампањата треба да се гледа како на придонес за синхронизирана комуникација и за остварувањето на приоритетите утврдени во Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, рече Заев.

Вицепремиерот Николовски изјави дека во изминатиот период се менува пристапот и оти сега секој може со само неколку клика да ги види сите јавни набавки, учесници во тендери и други информации.

Ова е борба во која секој поединец е важен. Резултатите зависат од сите нас и очекувам дека сите заедно ќе ја постигнеме целта – институциите да постапуваат координирано и да постапуваат, а граѓаните да пријавуваат, порача Николовски.

Посочи дека на кампањата и претходеле опсежни и длабински анализи и проценето е дека постои потреба од ваков тип на комуникација со граѓаните.

Мора да се подигне свеста на граѓаните за препознавање и да ги охрабриме да ја пријавуваат корупцијата. Имаме силна поддршка со експертиза и од наши странски соработници и во кампањата ќе биде вклучена и консултантска поддршка од нивна страна. Во следните 15 дена ќе биде промовиран и централизиранот систем за пријавување корупција и следење на сите предмети во рамки на институциите, креиран со поддршка на УСАИД, најави Николовски.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ