Human Rights Watch остро го осуди отстранувањето на тројцата демократски избрани градоначалници на поголеми општини во курдските југоисточни и источни региони на Турција.
Министерството за внатрешни работи на 19 август 2019 година ги отстрани градоначалникот на Дијарбакир, Аднан Селчук Мазракли, градоначалникот на Мардин, Ахмет Турк и градоначалникот на Ван, Бедија Озгке Ертан, обвинувајќи ги за поддршка на тероризмот. Сите тројца градоначалници се од Демократската партија на народите.
Од организацијата велат дека тие веднаш мора да се вратат на своите работни места.
„Владата на претседателот Ердоган повторно ги оспори резултатите од локалните избори во март во три поголеми градови во курдскиот југоисточен и источен регион, со отстранување на избраните градоначалници од страна на гласачите. Разрешувањето на градоначалниците, со тврдењето за некакви нејасни врски со тероризмот, одземање на нивните работни места, и на крајот, поништување на волјата на населението кое ги избрало како нивни претставници ги загрозува сите во Турција, особено оние кои се посветени на демократските избори, човековите права и владеењето на правото“, истакна Хју Вилијамсон, директор на „Хјуман Рајтс Воч“ за Европа и Централна Азија.
Од организацијата предупредуваат дека се користат навредливи гонења и истраги за нејасни кривични дела поврзани со наводен тероризам за да се замолчат критичарите на власта, новинарите, бранителите на човековите права и опозициските политичари.
Европскиот суд за човекови права остро ја критикуваше Турција за нејзините активности во потрага по неосновани обвиненија за тероризам против избрани членови на парламентот. Во еден пример, незаконското притворање на Селахатин Демирташ, поранешен копретседател и член на парламентот на ПДП, судот откри во 2018 година дека неговиот притвор бил наменет за „задушување на плурализмот и ограничување на слободата на политичка дебата“.
Тројцата градоначалници ги освоија своите места на локалните избори на 31 март, со тоа што Мазракли освои 63% од гласовите, Турк 56% и Озгкке Ертан 53%. Ова е втор пат избраните градоначалници во југоисточниот дел на земјата да бидат отстранети од функцијата и да бидат заменети со нови именувани директно од Анкара.
Овие потези на владата на Ердоган против демократски избрани функционери ги кршат обврските на Турција според меѓународниот и регионалниот закон за човекови права, соопшти Хјуман рајтс воч. Овој потег го нарушува правото на политичко учество, правото на слободни избори и правото на слобода на изразување според Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и Европската конвенција за човекови права.
подготви: Маја Ивановска