• Latest

Северна Македонија го има петтото најголемо зголемување во „Глобалниот индекс за мир“ во 2021 година

September 22, 2021

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Северна Македонија го има петтото најголемо зголемување во „Глобалниот индекс за мир“ во 2021 година

September 22, 2021 15:36
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според истражувањето на Институтот за економија и мир, Северна Македонија го има петтото најголемо зголемување во состојбата за мир на Глобалниот индекс за мир во 2021 година, со 5,2 проценти подобрување на нејзиниот резултат. Земјата, какошто стои во извештајот, се искачи за 11 места на ранг -листата на Глобалниот индекс за мир и сега е рангирана на 40. место. Се нагласува дека зголемувањето на мирот во голема мера беше поттикнато од подобрувањата во доменот на тековните конфликти.

 

Снимка од екран од истражувањето на Институтот за економија и мир

„Најголемо подобрување имаше во „показателот за интензитетот на внатрешниот конфликт“ и сега е на најниско ниво од 2016 година. Конфликтот со Грција e решен по потпишувањето на Договорот од Преспа, иако Бугарија продолжува да ги блокира преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ. И покрај некои поделби во земјата околу Договорот од Преспа, прашањето не е толку поларизирано како што беше пред една година“, се наведува во анализата на Институтот за економија и мир.

Во доменот безбедност и сигурност, имаше подобрувања во политичкиот прогон, стапката на убиства, стапката на затворање и влијанието на тероризмот. И покрај овие подобрувања, Северна Македонија забележа влошување на перцепцијата за криминалот, се вели во извештајот.

Глобална состојби на мир. Снимка од екран од истражувањето на Институтот за економија и мир

Ова е четврта година по ред како Северна Македонија бележи подобрувања на доменот безбедност и сигурност.

Европа останува најмирен регион во светот. Од рангираните земји во Европа, Северна Македонија е на 27 место и е најбезбедна земја на Западен Балкан – Србија (44. место), Албанија (48. место), Црна Гора (51. место), Босна и Херцеговина (72. место) и на 80. место од земјите од Западен Балкан се наоѓа Косово.

Состојба на мир во Европа. Снимка од екран од истражувањето на Институтот за економија и мир

Исланд продолжува да биде најмирната земја во светот, позиција што ја зазема од 2008 година. Авганистан е најмалку мирна земја во светот четврта година по ред, па следат: Јемен, Сирија, Јужен Судан и Ирак.

Поголем дел од земјите во Европа и Западен Балкан бележат напредок во состојбата за мир, безбедност и внатрешна стабилност.

Глобалниот индекс за мир, во 15-то издание по ред, рангира 163 независни држави и територии
според нивното ниво на мир. Овој извештај ја претставува најсеопфатната досегашна анализа за трендовите во мирот, неговите економски вредност и како да се развијат мирни општества, пренесува Фронтлајн.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ