• Latest

Северна Македонија на последно место во регионот според отвореноста на општините, Ранковце најзатворена, Струмица најотворена општина

November 24, 2019

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Северна Македонија на последно место во регионот според отвореноста на општините, Ранковце најзатворена, Струмица најотворена општина

November 24, 2019 10:25
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Отвореноста е клучен услов за демократијата, бидејќи им овозможува на граѓаните да ги добијат информациите и знаењата потребни за еднакво учество во политичкиот живот, ефикасно донесување одлуки и барање одговорност од институциите за политиките што ги спроведуваат. Индексот на отвореност го мери степенот до кој институциите на земјите од Западен Балкан се отворени за граѓаните и општеството, врз основа на четири принципи: транспарентност, пристапност, интегритет и ефикасност.

За индексот разговаравме со Мила Јосифовска Даниловска од „Метаморфозис“, која ни појасни дека едно е отвореност, а кога станува збор за транспарентност на општините, но и за сите други институции говориме дека организациските информации, буџетот и постапките за јавни набавки се јавно достапни и објавени.

Пристапноста се однесува на обезбедување и почитување на постапките за слободен пристап до информациите и зајакнување на пристапноста на информациите преку механизмот на јавни сослушувања и зајакнување на интеракцијата со граѓаните.

Интегритетот вклучува механизми за спречување на корупцијата, имплементација на етичките кодови и регулирање на лобирањето. Последниот принцип, ефикасност, се однесува на мониторингот и евалуацијата на политиките што ги спроведуваат институциите.

Следејќи ги меѓународните стандарди, препораки и примери за добра практика, овие начела се понатаму разработени преку специфични квантитативни и квалитативни индикатори кои се оценуваат врз основа на достапност на информациите на официјалните интернет-страници на институциите, квалитетот на правната рамка за поединечни прашања, други извори на информации од јавен карактер и прашалници до институциите.

 

Фондацијата „Метаморфозис“ од 2016 година спроведе тригодишно истражување преку Индексот на отвореност, како алатка на проектот ACTION SEE финансиран од Европската Унија, а параметрите за тоа како се движат параметрите сега Јосифовска Даниловска од „Метаморфозис“ за МИА вели дека во споредба со втората година на мерење – 2017-та, кога регионалното ниво на отвореност на локалната самоуправа било 31 процент, резултатите од третата година – 2018-та покажуваат минимален пораст на отвореноста на општините, односно 36 проценти.

Со овој пораст, општините на Западен Балкан, без разлика што е недоволен, успеаја да ги надминат резултатите од првата година на мерење 34 проценти. Сепак, генерално, вели Јосифовска Даниловска, резултатите остануваат на незадоволително ниво.

И покрај напредокот во отвореноста на општините во Северна Македонија во споредба со минатата година, резултатите од оваа година покажуваат дека земјава е на последното место во регионот со само 25 отсто, што е значително под регионалниот просек и покажува ниско ниво на ангажираност и посветеност на општините на исполнување на стандардите за отвореност.

“Алармантна е состојбата, со оглед на суштината на постоењето на општините, каде што тие треба да бидат во служба на граѓаните, транспарентноста да ја темелат на отворени податоци и информации, да имаат јасни процедури за партиципативно одлучување, како и јасни процедури за добивање на јавните услуги, но и отчетно да објаснуваат за што ги искористиле јавните пари кои им биле на располагање и на кој начин го подобриле животот во заедниците“, вели Јосифовска Даниловска.

Отвореноста на локална власт во земјите од Западен Балкан е во просек 36 проценти, а поединечно по земји изнесува – Црна Гора 51 отсто, Косово 41, Албанија 36, БиХ 34, Србија 32, Северна Македонија 25 проценти.

Според истражувањето, општините во државава варираат од неверојатно ниски два процента исполнување на индикаторите на отвореност, како што е Општина Ранковце, до највисоко рангираната Општина Струмица со 52 отсто.

Споредено со другите поткатегории, индексот на транспарентност е највисоко на скалата на исполнување. По индикаторите за транспарентност што подразбира дека организациските информации, буџетот и постапките за јавни набавки се јавно достапни и објавени, најтранспарентни се општините Демир Хисар (62 проценти), Струмица (55 проценти) и Кратово (47 отсто).

Во однос на тоа колку граѓаните се вклучени во креирање на општинските политики, таа вели дека анализирајќи ги општините преку принципот на пристапност, кој вклучува пристапност на информациите преку механизмот на јавни консултации и интеракција со граѓаните, општините исполнуваат скромни 19 проценти од индикаторите.

„Тоа е така поради тоа што голем дел општини не објавуваат планови, ниту повици, ниту извештаи од јавни консултации со засегнатите страни кои содржат писмени објаснувања за предлозите, кои се прифатени или отфрлени“, вели Јосифовска Даниловска.

Таа смета дека иако исполнетоста на индикаторите во оваа поткатегорија е на највисоко ниво во однос на другите две поткатегории, сепак мнозинството општини не објавуваат фиксни саатници утврдени за претседателите на советите на општините во кои би оствариле консултации со граѓаните.

„Во однос на интеракција со граѓаните, иако исполнетоста на индикаторите во оваа поткатегорија е на највисоко ниво во однос на другите две поткатегории, сепак мнозинството општини не објавуваат фиксни саатници утврдени за претседателите на Советите на општините во кои би оствариле консултации со граѓаните. Со оглед на тоа дека вклучувањето на граѓаните во процесите на донесување одлуки на локално ниво е суштински елемент на локалната демократија, неопходно е општините да овозможат за граѓаните навремено да ги добиваат соодветните информации, на начин кој е разбирлив за нив, со што ќе се им се даде простор на граѓаните да ги искажат своите потреби и да ги истакнат проблемите од локален интерес. Исто така, општините мора да ја подобрат комуникацијата со граѓаните преку социјалните мрежи, како и да објавуваат месечни информатори за граѓаните за работата на општините“, смета Јосифовска Даниловска.

Според неа, медиумите можат да бидат моќна алатка за да се натераат властите да се однесуваат потранспарентно.

„Сите анализи покажуваат дека нивото на транспарентност на која било власт (централна или локална) е пропорционално на притисокот што го вршат медиумите. Колку поголем медиумски интерес или притисок, толку повеќе транспарентност кај власта. Ова значи дека медиумите можат да бидат моќна алатка за да се натераат властите да се однесуваат поодговорно и потранспарентно“, посочи Јосифовска Даниловска.

Смета дека нивната улога е уште поголема во случаи кога има лоша или не постои регулатива за пристап до информации. Тогаш медиумите, како што вели, стануваат алатка на граѓаните за да дојдат до неопходните информации или до одлуките што ги донесуваат властите.

 

„Во нашиот (и не само нашиот) случај има одредени примери на целосно затворање на власта кон јавноста, вклучувајќи ги и медиумите, за да одбегнат непријатни прашања и одговори. Ова е особено случај во предизборниот период, но треба да се каже дека таквата практика никогаш не донела добивка на подолг рок – граѓаните, односно гласачите, добро препознаваат кога некој со нетранспарентноста сака да прикрие лошо работење, коруптивно однесување, злоупотреба на службената должност или дури и криминал“, наведе Јосифовска Даниловска.

На 27 и 28 овој месец во Скопје ќе се одржи Конференцијата „Е-општество: отворени институции и одговорност“, која е завршен настан на четиригодишниот проект ACTION SEE (Одговорност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа) во кој седум организации од Западен Балкан и Обединетото Кралство ги соединија своите напори за промовирање и обезбедување одговорност и транспарентност на властите во регионот.

Јосифовска Даниловска појаснува дека се очекува на конференцијата да присуствуваат околу 150 претставници на институции од Западен Балкан, граѓанското општество и медиумски организации, како и поединци и експерти од регионот.

„Целта што сакаме да ја постигнеме е да ги собереме на едно место сите чинители за да разговараат за предизвиците и потребите што произлегуваат од (не)отвореноста на институциите кон граѓанинот и да оставиме простор за размена на добри практики и решенија во тој поглед. Отвореноста е клучна за враќањето на довербата на граѓаните и за отворање на патот кон доброто владеење, и таа води кон посилна демократија и подобрен квалитет на живот“, вели Јосифовска Даниловска.

Марија Спасовска/МИА.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ