Categories

ДЕМАНТ Шапуриќ ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ за нарушување на неговиот личен интегритет

Министерот Зоран Шапуриќ уште еднаш ги дематираше одредени портали кои пишуваа за негова вмешаност во доделување на финансиски средства на невладини организации, а истовремено денеска најави и тужби затоа што и покрај веќе еднаш објавениот демант, истите протали продолжуваат со неосвани обвинувања.

„Со чиста свест и совест изјавувам дека немам никаква врска со грантот од Министерството за одбрана доделен на невладината организација Мултикултура од Тетово. Изјавувам уште еднаш дека не сум нејзин основач ниту член, а уште помалку дел од органите на управување на оваа невладина организација“, вели Шапуриќ.

Тој обвини дека ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициони партнери сè уште се служи со методи со кои се осудуваат недолжни граѓани без никакви аргументи.

„Ширејќи ноторни лаги и невистини ВМРО-ДПМНЕ прави обид за нарушување на мојот личен интегритет и авторитет граден долги години наназад. Во мојата професионална и политичка кариера за разлика од бројни личности од ВМРО-ДПМНЕ сум работел и сеуште работам исклучиво согласно законот и моралните норми. Досега во мојот живот немам добиено ниту прекршочна пријава за сообраќаен или било каков друг прекршок… Иако пред некој ден, преку соопштение јавно укажав дека немам никакво влијание ниту интерес од активностите на доделување на финансиски средства од Министерството за култура, некои новинари и политичката партија ВМРО-ДПМНЕ упорно го тврдат спротивното“, пишуваа во реакцијата на Шапуриќ.

Деновиве тој најави дека патот до правдата ќе го бара преку надлежните институции и ќе покрене соодветна судска постапка пред надлежните судови.

Б. Ј.

Print Friendly, PDF & Email