Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на заедничката прес-конференција со министерот за одбрана на Словенијја, Карл Ерјавец, денеска изјави дека оваа недела се очекуваат сериозни разговори и во рамки на владејачката коалиција и во СДСМ во врска со тоа дали заедно со претседателските ќе се одржат и вонредни парламентарни избори и во врска со претседателските кандидати.
„Јас како човек кој има позиција во Владата, но и како човек со позиција во СДСМ сакам прво да им ги соопштам своите ставови на своите колеги, а потоа во медиумите“, рече Шекеринска одговарајќи на тоа дали е за претседателски со предвремени избори.
Шекеринска додаде целиот фокус е на она што го најавувале и на почетокот на нивниот мандат, да го реализираат во следните неколку недели и дека со тоа на вистински начин ќе ја заслужат поддршката на кои било избори.
„Да не зборуваме за следното, туку да го испорачаме тоа што сме го кажувале и вчера и завчера и изминатата година“, додаде Шекеринска.
А. П.