Германскиот претседател Франк-Волтер Штајнмаер ја нагласи одговорноста на Германија за борба против антисемитизмот во историскиот говор во четвртокот во израелскиот меморијален центар на Холокаустот Јад Вашем.
„Посакувам да можев да кажам дека ние Германците научивме од нашата историја еднаш засекогаш, но тоа не можам да го кажам кога омразата се шири“, рече Штајмар на почетокот на Светскиот форум за Холокаустот.
На Штајмаер, кој е првиот германски претседател што има оддржано говор во Јад Вашем, му се придружија и други шефови на држави на почетокот на Светскиот форум за Холокаустот за да ја одбележат 75-годишнината од одлободувањето на Аушвиц.
„Стојам пред вас и би сакал да можев да кажам дека нашето сеќавање нé има направено имуни на злото“, истакна тој.
„Да, ние Германците се сеќаваме“, рече тој. „Но, понекогаш се чини дека ние го разбираме минатото подобро од сегашноста“.
извор Дојче Веле
превод: Наташа Цветковска