поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
СКОПЈЕ 2014 ЧИНЕШЕ ДЕСЕТ ПАТИ ПОВЕЌЕ, ЗОШТО СЕГА НЕ СЕ ФАЛАТ СО ТОА ГРУЕВСКИ И ДУИ?
Груевски некогаш пред пратениците кажа дека „Скопје 2014“ ќе чини осум години по десет милиони евра. Зошто сега од Будимпешта не се фали дека, со поддршка и на ДУИ, за овој проект потрошиле скоро десет пати повеќе, додека реконструкцијата на албанскиот театар, започната пред многу години, сѐ уште е во тек?
МЕТЛАТА КАКО ШТАФЕТА
Метлата на Заев од рака на рака се шета како штафета. Исто како Заев, никој никако да ја употреби.
Граѓаните легализацијата скапо ја плаќаат, само што нивните пари не стигаат во буџетот.
Во Тетово дивоградбите ги толерира Теута со знаење на Сугарески. Зошто, лесно може да се претпостави.
Држава која легализира толку многу дивоградби, самата е дивоградба.
Легализацијата е поле за корупција на државата.
МОРА ЛИ ГЛАВЕН ЗА ЕУ ДА НИ БИДЕ ОСОМНИЧЕН ОД СЈО?
Мора ли, г. Заев, и натаму „главен политички преговарач“ и „шеф на Делегацијата за преговори со ЕУ“ на Македонија, да остане личност која Вие лично јавно сте го спомнале за корупција и Обвинителството за истиот отворило постапка?
ЗОШТО ГО ЗАТВОРИЛЕ КРЛЕЖА?
И натаму ли ќе му верувате дека он со „нова реформска агенда“ ќе го „коригира неуспехот на Унијата“, ќе најде решение за забелешките на Венецијанската Комисија за Законот за јазиците и дека ќе ја изгради не само првата делница на автопатот во должина од два километри, туку и на целата делница до границата со Косово. Г. Заев, ова е премногу дури и за еден хирург.
Сум прочитал негде дека, како доброволец во првата Балканска Војна, Крлежа српските офицери во Скопје го затвориле како шпион, зашто им рекол дека овие луѓе не ве разбираат кога им зборувате.
ШТО МИСЛИ ГРУЕВСКИ ЗА ТОА ДЕКА СТАВРЕСКИ САКАЛ ДА МУ ЈА ТРЕСНЕ СЛУШАЛКАТА ОД ГЛАВА?
Груевски од Будимпешта редовно ги коментира минатите и актуелните настани во земјата. Мене како некогашен министер за финансии, многу ме интересира од него да слушам што мисли за изјавата на Ставревски дека понекогаш му идело со слушалката на телефонот да го удри по глава и дали Гоца за тоа го информирала, бидејќи тој во разговор со неа се жали.
РАЈНХАРД ПРИБЕ И ДУИ
Најадекватната листа со успесите на Македонија, кои, според Б. Османи, го носат печатот на ДУИ, ја подготви во својот извештај германскиот експерт Рајнхард Прибе, заедно со групата ангажирана од страна на Комисијата на ЕУ.
ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ЗАЕДНИЧКАТА ВЛАСТ НА ВМРО И ДУИ
Од длабоката кризна состојба во која ја доведоа Македонија во текот на заедничката власт ВМРО и ДУИ, со директна интервенција, ја извлекоа ЕУ и САД. Последиците од оваа криза, за жал, сѐ уште се присутни и денес.
КИЧЕВСКИОТ СУД, ЕЛ ЧЕКА И МАКРОН
Со објавувањето на пресудата на Кичевскиот суд, со која се очекува наскоро да биде осуден во отсуство Ел Чека, најверојатно и Претседателот Макрон ќе го повлече својот предлог на новата методологија за процесот на преговори за зачленување во ЕУ, ќе се заокружат сите реформи во земјата, Македонија конечно ќе ја добие од Заменикот на Премиерот одамна најавената кристално чистата препорака за започнување на преговорите и ќе се спасат од натамошно гонење за криминал и корупција, откриен со објавените од УДБА тајно снимени разговори, сите тие што тие дела ги направиле.
Со тоа во иднина никој повеќе, ни внатре ни надвор, ќе нема право да рече дека во Македонија не владее правото.
Не само правниците, туку дури и хирурзите и партиските “лидери”, биле со или без оформено образование, треба да знаат дека спроведувањето на законот не може да се одложи додека не се создаваат капацитети во судството и администрацијата.
ЗОШТО БЕЈЛИ ГИ ОБЕЛОДЕНИ БОНУСИТЕ ВО ДИК?
Парите што Владата се фали дека на некои им ги дава, од некои други ги зема.
Амбасадорот на САД, г. Бејли, кога го обелодени скандалот со бонусите на членовите на ДИК, го повика Заев да постапи исто со корумпирани функционери во Владата.
ПРЕДАВАЊА ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА ОД ЗАЕВ И БРНС
Од Заев и од амбасадорката Брнс, слушаме предавања за успешната борба против корупцијата во Македонија.
ВАЖНОСТ НА ПРАВНАТА ДРЖАВА И ЈАЗИКОТ, СПОРЕД БУЈАР
Според Бујар Османи, потребно е „сите забелешки на Венецијанската Комисија да ги имплементираме во акциските планови и во создавањето капацитети и во судството и во администрацијата“. Тоа е ставот кој денеска го споделува и дека тоа е најдоброто решение и додава: „колку што ни е важен јазикот, толку ни е важна и правната држава“.
Ниту некој знае, ниту тој кажува, кога забелешките ќе бидат имплементирани во акциски планови и ќе се создаваат капацитети во судството и администрацијата, за да почне службената употреба на албанскиот јазик. А, колку им е важна правната држава, сведочи состојбата во која денес се наоѓа судството и судбината на неговиот и предметите на многу други осомничени и обвинети за долгогодишниот криминал и корупција, откриен со прислушуваните разговори.
НЕМА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ ВО КОИ УЧЕСТВУВААТ ЛИЦА ОСОМНИЧЕНИ ЗА КРИМИНАЛ И КОРУПЦИЈА
Во право е Претседателот Макрон, никогаш повеќе ќе нема преговори со ЕУ, додека во нив учествуваат лица кои се осомничени за криминал и корупција, како што е случајот со Македонија.
ДОЛЖНОСТ ДА СЕ РАБОТИ УСПЕШНО
Зошто премиерот, министрите и другите функционери секој ден се фалат со тоа што го направиле, кога се знае дека тоа, исто како на сите други граѓани, должност им е да го прават за да ја примаат платата.
КАКО 3.000 ПРАВНИ АКТИ СЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕУ?
Сѐ што се случува во правосудството и пошироко во Македонија е во согласност со тие 3.000 правни акти што заменикот на Премиерот за евроинтеграции ги пренел од законодавството на ЕУ.
НЕ НЕГИРААТ, САМО ИГНОРИРААТ
ВМРО и ДУИ, без да го негираат, со „бомбите“ откриениот долгогодишен криминал, корупција и неморал, се обидуваат да го игнорираат.
КОЈ СЀ ЌЕ БИДЕ АМНЕСТИРАН, ОСВЕН ЕЛ ЧЕКА?
По сѐ изгледа, освен Ел Чека, наскоро ќе бидат амнестирани сите оние кои за време на заедничкото владеење ја доведоа Македонија до оваа состојба.
Се претпоставува дека слично мислење ДУИ ќе добие и од странските експерти.
ЗА ДУИ НЕ Е ПОТРЕБЕН ВЕТИНГ
Бидејќи по повикот на „лидерот“ на ДУИ, ниеден надлежен орган не истражи ниеден член на ДУИ, за нив нема потреба ниту ветинг, ниту испитување на потеклото на нивниот имот.
Сличен повик, како што повеќе пати со право истакнуваат во оваа партија, не најде храброст да упати ниеден друг “лидер” на партија.
Сите права се задржани. Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.