• Latest

Што научивме а што не научивме за време на изборите, изборните и политичките процеси препуштени на стихијата, Собранието ја констатира оставката на Заев

December 23, 2021
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Што научивме а што не научивме за време на изборите, изборните и политичките процеси препуштени на стихијата, Собранието ја констатира оставката на Заев

December 23, 2021 16:42
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ одржа јавен настан со презентацијата на Финалниот извештај, анализи и препораки што произлегуваат од изборниот мониторинг на ЦИВИЛ „Локални избори 2021: Научени лекции“ и со излагања од Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска и членот на ДИК, Борис Кондарко.

Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала го презентираше Финалниот извештај, анализите и препораките од изборниот мониторинг на ЦИВИЛ, и воедно ја промовираше публикацијата „Локални избори: Научени лекции“.

Публикацијата „Локални избори: Научени лекции“ во која се објавени извештаи, анализи, коментари и препораки на ЦИВИЛ, што произлегуваат од долгорочниот и краткорочниот мониторинг на политичките и изборните процеси, сега е достапна и онлајн. Публикацијата е на сто страници и е само прва од четирите кои се однесуваат на спроведувањето на Локалните избори 2021.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Дерала: Изборните, како и политичките процеси се препуштени на стихијата 

 

„Клиентелизмот, кронизмот, политичкиот парохијализам, трговијата со влијанија и низа други појави, често започнуваат и завршуваат токму во пазарењето меѓу политичките партии, каде што помалите политички партии имаат голема улога. Мали по обем, но големи по влијание. За жал, тоа влијание често се користи за теснопартиски и лични интереси, а не за наметнување на идеи, проекти, стратегии и определби.

Политичкиот систем, демократијата и демократските институции нема никогаш да добијат ни најмала шанса за унапредување, со постојната политичка култура и со легислатива и манирите на имплементација какви што имаме во нашата земја. Оттаму, не можеме да очекуваме ниту почитување на човековите права и слободи, а во овој контекст, ниту правото на глас кое е едно од фундаменталните човекови права.

Не смееме да ја занемариме ниту одговорноста што ја имаат и другите чинители во општеството. Неславна е улогата што ја играат дел од организациите на граѓанското општество и дел од медиумите. Поточно, политичките и други центри на моќта, ја злоупотребуваат можноста за граѓанско организирање и за креирање на јавното мислење преку медиумите.

Сите заедно, на различни начини, учествуваат во деградацијата на изборниот систем, а со тоа и на демократијата. Тоа придонесува кон недоволно разбирање, па дури и отфрлање на основните принципи на демократијата, силна недоверба во институциите и целосно занемарување на човековите права и слободи кај голем дел од граѓанките и граѓаните.

Нека ми простат оние што имаат почувствителни уши, но изгледа дека различните чинители во општеството и државата, почнувајќи од политичките партии, завршувајќи со граѓанките и граѓаните, во овој контекст – гласачите, се во некој вид садо-мазохистичка релација. Тие постојано се измачуваат меѓусебно и уживаат во тоа. Се уште не се најде општествена или политичка сила која ќе му стави крај на ова бескрајно измачување. Ваквите повици најчесто остануваат да одекнуваат во општество без политичка, изборна и медиумска култура.“, изјави меѓу другото Џабир Дерала, на настанот на ЦИВИЛ „Локални избори: Научени Лекции“.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ОСТАВКА Собранието на Република Северна Македонија денеска на седница ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев.

Претседателот Стево Пендаровски прими формално известување од Собранието дека е констатирана оставката на премиерот Зоран Заев, која повлекува оставка на целата Влада.

Откако известувањето за оставката е доставено до Кабинетот на Пендаровски, според член 90 од Уставот, претседателот на државата е должен во рок од десет дена да го довери мандатот за состав на Влада на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието.

АКЦИЈА Министерството за внатрешни работи извести за 10 приведени лица поради сомнение за криумчарење и неовластена трговија со прекурсори, како резултат на голема акција со претреси на повеќе локации во Куманово и Скопје, при што се лишени од слобода десет лица на возраст од 35 до 53 години, петмина од Куманово, четворица од Скопје и еден од тетовско,  меѓу кои тројца полициски службеници и петмина царински службеници. Деветтемина  се сомничат дека извршиле кривично дело „криумчарење“ од член 278, а тројца од нив дека сториле и кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл.215 од Кривичниот законик, додека при претрес кај едниот од нив, односно десеттиот од приведените бил пронајден и одземен кокаин, информираше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција.

ЛЕГАЛИЗАЦИЈА Подготвен е нов Предлог закон за бесправно изградени објекти со кој предмет на легализација ќе бидат дивоградби изградени до 1 јануари 2021 година, со исклучок на тие што се изградени во границите на Охридскиот регион, заштитените подрачја, како и згради, доградби и надградби на згради, времени у помошни објекти.

ОДБРАНА Северна Македонија се приклучува кон ЕУ борбената група HELBROC, која е под директна контрола на Советот на Европската унија и е дел од заедничката безбедносна и одбранбена политика на Унијата. Во борбената група HELBROC, која е предводена од Грција, со свои вооружени сили учествуваат и Бугарија, Романија, Кипар, Србија и Украина.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Русија и Македонија своите билатерални односи ги базираат врз фактот што не споделуваат меѓусебна географска граница, а ни значајна економска или енергетска соработка – во таа смисла, ние сме најмалото од сите мали „џуџиња“ во однос на руските интереси – но се испреплетени во регионалниот контекст на Балканот. Ја продолжи ли Русија стратегиската конфронтација со Западот и на воено-оперативен план, макар и преку прокси-конфликтот во Украина, тогаш Балканот станува (односно, продолжува да биде) еден од најважните европски региони за дестабилизирање на западните интереси на Континентот.“, извадок од колумната на Сашо Орданоски „Македонско-руски односи: Мангуп, кројач, војник, шпион“.

Д. Тахири

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ