Професорката Гордана Силјановска денеска почнала со собирањето на 10.000 потписи за нејзината кандидатура за претседател на државата. Иако беше избрана како кандидат на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, таа претендира преку потписи да се покаже како надпартиски кандидат. Затоа наместо поддршката од 30 пратеници, Силјановска одлучила да собере 10.000 потписи за да ја поднесе нејзината кандидатура. Таа им порача на граѓаните дека своите потписи можат да ги дадат во локалните канцеларии на Државната изборна комисија, во нивните места на живеење.
Но, она што ги става сите во неудобна положба е нејзиното барање за селфи и објава на социјаните мрежи со хаштаг #СепотПишавзПравоиПравда, за охрабрување на сите.
“Најдобар начин да ги мотивираме другите и да испратиме порака дека од нас зависи, е да излеземе масовно до канцелариите на ДИК и да ставиме потпис. Доколку почувствувате потреба да ги охрабрите другите, би можеле да направите самослик (selfie) и да го постирате заедно со хаштагот #СеПотпишавЗаПравоиПравда.
Се разбира, ова е само една идеја за мобилизирање и взаемно оснажување – помислете дека секој таков чин може да ги инспирира другите околу вас! И така, на крајот, навистина, од овој процес да излеземе здружени околу Македонија”, напиша Силјановска на нејзиниот Фејсбук профил.
А. Зеќири