На денешната заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев, заменикот државен секретар на САД, Џон Саливан, изрази силна поддршка на САД на Договорот од Преспа за решавање на спорот со кој Македонија. Селиван истакна дека ова е патот кој води кон заслуженото место во НАТО, како Република Северна Македонија. Тој очекува дека пратениците ќе ги надминат целосно партиските цели и дека ќе стремат кон просперитетот на државата преку влез во ЕУ и НАТО.
Номинација
Премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, се номинрани за Нобелова награда за мир за 2019 година за Договорот од Преспа, со кој се надминува дводеценискиот спор за името. Номинацијата денеска во Скопје ја објави добитничката на Нобеловата награда за мир во 2015 година, Уидед Бушамауи.
Нобеловката Бушамауи рече дека Договорот од Преспа покажува дека две држави заедно се способни да седнат, преговараат и постигнат договор и дека и претставува чест да ги номинира Заев и Ципрас за Нобелова награда за мир.
Аболиција
Интерпартиското тело за помирување денеска го усвои предлог-законот за амнестија со кој треба да бидат опфатени дел од учесниците во настаните во Собрание на 27 април.
,,Нема да бидат амнестирани лица кои биле организатори на настаните од 27 април. Тука спаѓаат лицата кои носеле оруже и фантомки, кои извршиле насилство и службени лица кои ги прекршиле овластувањата”, рече пратеничката на СДСМ, Фросина Ташевска Ременски по завршувањето на состанокот на Интерпартиското тело за помирување.
Уставни измени
Собраниската Комисија за уставни прашања денеска треба да ја започне дeбатата за уставните нацрт-амандмани. Ова е трета и последна фаза од постапката за промена на Уставот, согласно Договорот од Преспа.
Уставната комисија треба да ги разгледува четирите нацрт-амандмани, и Извештајот на Владата од јавната дискусија за нацрт-амандманите, а потоа како втора точка е ставен Предлог-уставен закон за спроведување на амандманите на Уставот на Република Македонија.
ЗНМ
Одлуката за потврдување на легитимноста на изборот на претседател на ЗНМ се донесе со консензус на сите членови на Управниот одбор, додека Претседателот Младен Чадиковски се иззема од гласањето. На седницата беше предложена и едногласно избрана Фиљана Кока за Заменик претседател на Здружението на новинарите на Македонија.
Публикација
ЦИВИЛ утре ќе ја претстави публикацијата „Губење на идентитетот или…?“, во хотел Сити Парк, со почеток во 13 часот. Идентитетот и идентитетските прашања се секогаш актуелни во јавниот, академскиот и политичкиот дискурс во светот. Во Македонија, овие прашања се извор на сериозни политички поделби и тензии, особено по историскиот Преспански договор меѓу Македонија и Грција во јуни 2018 година.
Д. Муратов