Болестите предизвикани од коронавирусот во повеќето случаи се благи, а симптомите се слични во раните фази со оние на акутни респираторни вирусни инфекции и грип. Симптоми како што се течење на носот, треска, општа слабост се карактеристични за многу вирусни респираторни инфекции.
Посебно внимание треба да се посвети на скратен здив – ова укажува дека инфекцијата влијаела на долниот респираторен тракт, кој е одговорен за размена на воздухот, а со тоа се дознава дека нивната функција е прекината. Ова се случува и во случај на инфекција со новиот коронавирус и во случај на грип.
Периодот на инкубација на вирусот може да биде од нула до 24 дена, а Карантинот за сомнителните носители на инфекција досега беше 14 дена, за тоа време кај заразените не може да се појават симптоми. Според некои експерти, вирусот може да се пренесе за време на периодот на инкубација без симптоми.
Не е докажано дека маските за лице можат ефикасно да ве заштитат од вирусни инфекции. Овие маски веројатно се во можност да фатат некои микроби пред да стигнат до устата или носот. Но уште поважно е тоа дека тие ги спречуваат луѓето да ги допираат устата или носот (што повеќето луѓе го прават инстинктивно). Ако веќе сте болни, таквите маски може да спречат да не заразувате други.
Во списокот на препораки како да се заштитите од зарази, Светската здравствена организација не споменува маски за лице. На врвот е често миењето на рацете. СЗО препорачува дезинфекциско средство за рацете на база на алкохол.
Поедноставното секојдневно решение се водата и сапунот, ако ги имате при рака. Рацете треба да се измијат темелно.
Кога кашлате и кивате, покријте ја устата и носот со вашиот подигнат лакот. Или користете книжни марамчиња – но потоа веднаш фрлете го марамчето и измијте ги рацете.Облеката треба да се пере редовно.
Избегнувајте близок контакт со секој кој има треска и кашлица. Ако треба да имате контакт со болни луѓе, погрижете се да преземете дополнителни заштитни мерки.
Ако имате треска, кашлица и отежнато дишење, побарајте лекарска помош навреме. Избегнувајте јавни места за да не ги инфицирате другите. Објаснете му на вашиот лекар каде претходно сте патувале.
При посета на сточни и зелени пазари во области во кои во моментот има случаи на новиот коронавирус, избегнувајте директен незаштитен контакт со живи животни. Тоа исто така вклучува какви било површини кои се во контакт со животни.
Месото треба добро да се испече или вари. Потребно е да се избегне конзумирање на сурови, недоволно термички обработени производи од животинско потекло. Со суровото месо, млекото или животинските органи треба да се постапува внимателно за да се избегне инфицирање од термички необработена храна. Овие се добри практики за безбедност на храната и помагаат да се спречи ширењето на болести.
Доколку имате или се сомневате дека имате симптоми на корона – вирусот, се препорачува да се јавите во центрите за јавно здравство во вашите општини. Броевите за контакт можете да ги видите подолу.