Судот за едни е добра мајка, за други лоша маќеа. Емел Рамковска, ќерката на сопственикот на А1 телевизија, Велија Рамковски, беше осудена на затворска казна од 6 години во случајот „Пајажина“. Судот дури 27 пати и го продолжи притворот на Рамковска со образложение дека ирелевантно е тоа дека е мајка на малолетни деца.
Но, за разлика од Емел Рамковска, од притвор се спаси поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, откако на 8 октомври 2018 година беше осудена на 6 години затворска казна, а на 28 март 2019 година, Апелациониот суд Скопје одлучи да ѝ се намали затворската казна од 6 на 4 години за незаконската набавка на луксузниот мерцедес од страна на МВР. Осудената Јанкулоска ја штити Законот за извршување на санкции и таа, бидејќи има бебе под една година, не може да оди на отслужување на затворската казна.
Апелациониот суд Скопје, на 19 ноември 2019 година и одреди домашен притвор на поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, откако помина 94 дена во притвор во затворот „Шутка“ за случајот „Рекет“. Од Судскиот совет навеле дека одлуката за домашен притвор ја донесоа, бидејќи Јанева е невработена и самохрана мајка на која и е потребна редовна медицинска терапија
Рамковска на панелот „Жртви на режимот“ на ЦИВИЛ, нагласи дека правдата кога тогаш ќе стигне, само треба трпение.
Дехран Муратов
камера: Атанас Петровски
монтажа: Биљана Јордановска