Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи на својот Фејсбук профил објави информација дека повеќе не е координатор на пратеничката група на Алтернатива/ Алијанса за Албанците и утре за тоа ќе го извести претседателот на Собранието Талат Џафери.
Врз основа на новите политички случувања и одлуката на Централното собрание на Алтернатива дека ние како политички субјект се приклучуваме кон извршната власт и парламентарното мнозинство, утре и официјално ќе го информирам претседателот на Собранието на Северна Македонија, дека се повлекувам од функција координатор на пратеничката група АА / ААА.
Нашето дејствување како алтернативни пратеници ќе се решава согласно новиот договор за парламентарно мнозинство.
П.С. Почит до сите пратеници на Коалицијата и ви благодарам за досегашната соработка и добрите меѓучовечки односи.