Во Скопје денеска започна Балканскиот младински форум насловен „Активно младинско учество: поттик преку креативни и иновативни решенија“.
По претходните форуми во Србија, Босна и Херцеговина и Косово, оваа година за прв пат се одржува во Скопје, во рамки на проектот Балканската регионална платформа за младинско учество и дијалог, финансиран од ЕУ.
На настанот присуствуваа над 70 претставници од граѓански организации, локални самоуправи и младински работници од регионот на Западен Балкан.
Настанот беше отворен од страна на Кристијан Тимоние, амбасадор на Франција, Саша Богдановиќ, градоначалник на општина Центар, Луфти Хазири, градоначалник на општина Гнилане и член на управен одбор на АЛДА, Антоанета Иванова, претставник од Фонд за Западен Балкан (Western Balkans Fund) и Елиска Гертнерова, претставник од ЕУ делегација.
Оваа година, проектот е поддржан и од Фондот за Западен Балкан и е прва активност која се реализира со поддршка од овој фонд создаден за промоција и поддршка на проекти кои придонесуваат за поврзување на регионот.
Проектот е имплементиран од Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) Скопје, заедно со 7 Агенции за локална демократија од Балканот.
А.П.