• Latest

Скопје чека соговорник во Софија

July 31, 2021

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Скопје чека соговорник во Софија

July 31, 2021 09:26
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Скопје очекува наскоро да се формира новата Влада на Бугарија и да продолжат разговорите за надминување на бугарското вето за интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ. Македонската страна вели дека е конструктивна, подготвена да влезе во сериозен дипломатски ангажман за да се надминат разликите, но оти за тоа ќе мора да се почека, зашто реално во моментов нема нема соговорник од другата страна.

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи вчера изјави дека се надева на интензивирање на разговорите по формирањето на новата влада во Софија по 15 август со цел да се направи евентуален пробив уште во септември.

– Доколку има политичка волја да се реши ова прашање што негативно влијае и на позициите на Бугарија воопшто, мислам дека може да се најде начин, а германското и португалското претседателство покажаа дека има решение. Тие предлози ги презеде словенечкото претседателство и се надеваме дека штом се формира влада после 15 август ќе можеме интензивно да се ангажираме за евентуален пробив уште во септември. Меѓутоа, не сакам притоа да ги кренам очекувањата на јавноста по однос на ова прашање. Тоа што ние работиме ние сме конструктивни, подготвени да влеземе во сериозен дипломатски ангажман за да ги надминеме разликите во рамки на позициите коишто ги има државата, кои уште еднаш се потврдија во Собранието, рече Османи.

Според Османи, важно е да се создаде политичка предвидливост во Бугарија, бидејќи тоа се покажало како клучно во понатамошниот прогрес на разрешување на разликите. Вели дека има комуникација со техничката влада во Софија по однос на одредени прашања во делот на одржување на втората меѓувладина комисија и дефинирањето на патоказот, меѓутоа сепак ќе зависи од тоа дали ќе има политичка влада во Бугарија.   

– Откако ќе се формира владата тогаш ќе ги слушнеме кои се позициите на новата политичка влада по однос на ова прашање. Меѓутоа едно е јасно, и во интерес е на Република Бугарија ова прашање да се реши. Ниту Бугарија верувам не сака да биде во позиција да го блокира целиот регион и европската перспектива на регионот со сите последици коишто може да ги има блокирањето на тој процес во регионот, дециден е Османи.

И шефот на државата Стево Пендаровски не очекува во престојниот период да има некои поголеми промени во однос на спорот со Бугарија, со оглед на тоа што земјава реално во моментов нема соговорник од другата страна, бидејќи Софија се уште нема формирано Влада. Уше повеќе, што не е исклучена можноста во Бугарија да има и трети парламентарни избори.

За резолуцијата за „црвените линии“ во преговорите со Бугарија, која завчера ја усвои Собранието, Пендаровски не смета дека е штетна, туку напротив дека ја дефинира нашата позиција и не е воопшто навредлива, каква што е резолуцијата на бугарскиот Парламент.

За изгласаната резолуција во македонското Собрание, вчера со реакција се огласи бугарското МНР.

– Министерството за надворешни работи изразува разочарување од Резолуцијата на Собранието на Република Северна Македонија донесена на 29 јули 2021 година и со жалење забележува дека овој чин доаѓа во време кога билатералниот дијалог меѓу Софија и Скопје, како резултат на долгорочните напори, почна да преминува во попозитивна и ветувачка фаза, стои во реакцијата.

Бугарија го очекува објавувањето на Резолуцијата за да може внимателно да ја анализира нејзината содржина во однос на нејзината компатибилност со потпишаниот и ратификуван од Собранието на Република Северна Македонија Договор за пријателство, добрососедство и соработка, од 2017 година, како и потенцијално влијание на овој документ врз досегашниот дијалог.

– За Бугарија би било целосно неприфатливо преку такви акти да се мотивира или оправда неисполнување на Договорот за добрососедство и соработка од 2017 година, што е во спротивност со водечките принципи на меѓународното право. Единствениот правилен пат за изнаоѓање одржливи и заемно прифатливи решенија за тековните предизвици во нашите односи е строго почитување на постигнатите договори и преземените обврски, нивна ефикасна и совесна имплементација, како и поддржување искрен и целосен дијалог, се вели во соопштението од бугарското МНР.

Во меѓувреме, во Софија е објавено дека пратеникот Пламен Николов е кандидат за премиер на „Има таков народ“, која освои најмногу гласови на последните парламентарни избори. Тој доби мандат за формирање влада од бугарскиот претседател Румен Радев.

– Како резултат на изборите на 11 јули оваа година, имате одговорност да го добиете првиот мандат. Луѓето гласаа за вас со очекување да го консолидирате фронтот на промени против неуспешниот корупциски модел на власт. Време е да сфатите како и со кого. Бугарите ги очекуваат вашите предлози за кабинет во рокот утврден со Уставот, рече претседателот на Бугарија Румен Радев при предавањето на мандатот.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, освен што е член на 46. Народно собрание, Пламен Николов има докторат по филозофија на право, политика и економија. Дипломирал на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“.

Тој има над 15 години искуство во развој на деловна активност и управување со проекти. Работел со големи клиенти како Амазон, Вигл, Интерспорт, Спортона и пливачки федерации.

извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ