Мерните станици синоќа во Скопје измерија ПМ 10 честички над 700 микрограми на метар кубен. Во Ѓорче Петров во 23 часот се измерени 641 mg/m3, 12 пати над дозволеното.
Во Црниче се измерени 454 микрограм на метар кубен, во Центар 412, а во Карпош 700.
Според специјализираната интернет страница за следење на воздухот „Ер вижуал“, Скопје се најде на првото место во светот по загаденост на воздухот, со Делхи – Индија на второ, Дака – Бангладеш на трето, Лахоре – Пакистан на четврто, и Приштина – Косово на петтото место на листата на најзагадените градови во светот.