Денеска во СЛОБОДНА ЗОНА на ЦИВИЛ Медиа- Сарачини за новите КОВИД мерки и угостителите, Николиќ Писарев за “Отворен Балкан“, Иванов за независноста на земјава и по неа.
„Треба да се има разбирачка за маката на угостителите. Нивниот сектор, поради пандемијата со вирусот КОВИД-19, беше и е навистина еден од најпогодените. Штетите се големи, а во некои случаи и ненадоместливи, завршувајќи со затворање на бизниси и невработени луѓе.
Природата на пандемијата со вирусот КОВИД-19 е таква. Тој се шири – таму каде што се собираат луѓе. Затоа, треба да се има разбирачка и за сите напори на институциите да ги ограничат можностите за ширење на вирусот кој е прилично опасен па и смртоносен. А тоа, кога е потребно, подразбира и ограничувања на масовни собири, кои се случуваат и во угостителски објекти.“, пишува Петрит Сарачини во Миднајт Експресот Разбирачка за угостителите- да, но повеќекратно поголема разбирачка од онаа за сите други граѓани и здравјето –не!
„Иако е приемот во ЕУ превосходно прашање на економските и политички дилеми, се покренуваат и прашањата на културниот увоз, дали некоја од земјите од регионот на Западниот Балкан е во доволна мера усогласена со „нашите“ стандарди, на „европскиот идентитет“.
Проблематичниот статус на Балканoт се состои во неговото заедничко византиско и османлиско наследство. Toa го отвора и прашањето колку се меѓусебно компатибилни „културните идентитети“ на наследниците на османлиската држава со европскиот идентитет. Тие поставуваат и прашање, не само каква е перцепцијата за Балканот на Запад, туку и каква перцепција за Западот имаат луѓето кои живеат на Балкан. Со отворено прашање: Постои ли балкански идентитет?“, пишува Александар Николиќ Писарев во првиот дел од анализата Отворен Балкан: На прав пат или во слепа улица (1)
„Раната есен, 1991-ва, се случи историски чин. Во околности какви што беа, повеќе принудни отколку доброволни, во еден еуфорично романтичарски национален вознес, се случи Референдумот. Македонските граѓани решија да ги искористат околностите со распадот на федералната држава и, ако може така да се дефинира, по Асномската, да дојдат до своја Втора Македонска Република, овој пат до своја самостојна и суверена држава. Почна со тој историски светол 8-ми септември `91-ва. Во еден респектабилен број, Македонците по род излегоа на референдумот и, исто така во респектабилен број, се изјаснија за самостојна, за суверена независна држава. На радоста ѝ немаше крај. По децениски или столетни мечти, македонскиот народ се стекна со држава.“, пишува Зоран Иванов во колумната „Десет години пред него – дваесет години по него“.












