„Едноставно сфатив дека дефиниции не постојат или ја сакаш твојата држава или не ја сакаш. Или ја чувствуваш како своја држава или не ја чувствуастваш… Јас мислам дека во оваа држава е најбитно да сте граѓанка, да придонесувате, да се едуцирате и бев среќна што бев од тие 3% што го прочитаа Договорот. Не само што го прочитав, туку и го проучував… Гордо се пофалив на фејсбук дека како правничка им стојам на услуга на сите што не го прочитале да им разјаснам за спорниот член 7 и очекував дека ќе се развие дебата… но, дебата се одвиваше во правец дека јас не сум Македонка и немам право да зборувам за Македонија…. едноставно јас немам право да одлучувам за Македонија затоа што не сум Македонка, ова се патриотски чувства ова е патриотска одлука, а на мене како припадник на некоја друга етничка заедница ова не ми припаѓа…“, изјави Мерсиха Смаиловиќ на денешната панел дискусија „Патриотизам – да! Национализам – не!“ кој ja организираше ЦИВИЛ – Центар за слобода.
Таа додаде дека како припадничка на бошњачката заедница и кажале дека нема право да одлучува, дека таа е предавник, дојдена како бегалка, затоа што работи со бегалците.
„Интересно беше кога претставници на нашата заедница во Парламентот излегоа со ставот против и бојкот и беа дочекани со аплауз: Ете ова се вистински Бошњаци. Сепак, можеме да имаме подобни и неподобни Бошњаци… Ќе дојде први октомври ќе треба да се погледнеме во очи ќе треба да си кажеме ајде сега да продолжиме да живееме… мислам дека ќе биде тешко“, изјави Смаиловиќ.
Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов
Текстот е дел од проектот „Патриотизам ДА, национализам НЕ!“ што го спроведува ЦИВИЛ со поддршка од Цивика мобилитас. Содржината на овој текст е единствена одговорност на ЦИВИЛ и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.