• Latest
Војо Маневски

Смена или промена?

November 29, 2021
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Смена или промена?

November 29, 2021 08:00
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

„Јас сум народот! Од денес ќе се застапувам сам“. Оваa е мислата на револуционерот Јаков во делото на Горан Стефановски – „Дупло дно“.

Мислите на Горан треба да се споменуваат често, секогаш кога сакаме да ги опишеме состојбите со духот на балканските народи. Не дека и другите народи не се слични, само некои фази ги поминале порано, а токму тие ги  поставуваат патоказите.

Веројатно светот се движи по некој цикличен распоред одреден од карактерот на човекот како поединец и на човештвото во целост. Еднаш победува неговата нечовечност, а друг пат на пиедестал се става неговата подобра страна на природата. Теолозите имаат едноставно објаснување.

„Човештвото постепено се оддалечува од ликот и суштината кој му ја дал творецот и кога ќе се оддалечи толку многу, што се доближува до непрепознатливост, настанува повратен процес со многу катаклизми и страдања. Резултатот е повторно почнување од почеток. До кој број на единки ќе биде тоа враќање кон почетокот, зависи од оддалеченоста  од оригиналот, што е направена во претходниот период“.

Хегел вели дека формата и содржината се во дијалектичко единство и кога формата ќе стане претесна, доаѓа до разрешување на спротивностите и се добива нова форма и нова содржина.

Каде сме ние денес во тие ветришта на движењето на светот? Веројатно како што вели Горан С. „качени на сплав, кој се обидува да опстои на бурите, додека моќните се возат со јахти и пијат џин и тоник“.

Зошто сето ова како вовед го пишувам? Затоа што сметам дека процесот на промени е почнат и сега останува дилемата дали тоа ќе биде кај нас „смена или промена“. Ќе се сменат во наредните година или две најголемиот број на политички елити во Македонија и ќе се напредува или само ќе се сменат актерите а престават ќе биде истата. Ќе се сменат и не заради тоа што ние тоа го бараме секојдневно или зошто заслужуваме поинакви претставници во политичкиот живот, туку затоа што времето диктира други типови на политичари.

На светската сцена глобализацијата забавува, како проект управуван од едно место и со критериуми креирани таму. За поголемите познавачи на геостратешките поместувања има тема за пишување, јас не се чувствувам компетентен за такви анализи, само зборувам за она што мојата ограничена новинарска перцепција го заклучува. Либерализмот на кој се крстевме во почетокот на деведесеттите ја привршува својата историска улога. Го потисна како идеолошка и економска платформа новиот „лев либерализам“. Како што првобитниот ковид 19 се изметна до сегашните мутации со кои не плашат секојдневно. Резултатот е концентрација на капиталот во многу тесни раце, а истовремено популистичката слобода без нејзиниот суштински втор дел – одговорноста   Тој процес е во подем. Како два света кои се движат паралелно. И едниот и другиот свет ја намалуваат својата иднина. Во што е потребата да се има илјадници милијарди долари на контото на поединец? Тој како човечко битие е ограничен со биолошкиот век и со неговата можност за задоволување на сопствените потреби. Ете отидоа во вселената и што од тоа?

Популистичкиот свет се чувствува слободен да им го каже на моќните она што досега ниту не сонуваше, но резултатот од тоа не е поголемо учество на обичните граѓани во процесите на одлучување. Бројот на граѓаните кои излегуваат на избори се намалува до границата кога се доведува  во прашање репрезентативноста на претставниците. Сето тоа излевање на беси омраза по социјалните мрежи не е поткрепено со битно учество во поделбата на општественото богатство, напротив тоа се концентрира во потесен круг и се изместува центарот на моќ. Како илустрација, погледнете ги градовите во Западниот свет, а богами сега и во Источниот. Некогаш во нив постоел централен плоштад и храм. Во Европа највисоки згради биле катедралите. Во дваесеттиот век нив ги замениле државните институции како централно место во градовите. Градските куќи, министерства, судовите се најрепрезентните градби меѓу нив. Новиот век сето тоа го измени од корен. Во централните простори на градовите изникнаа високи солитери каде се сместени финансиските институции и големите корпорации. Со оваа едноставна слика се покажува како се менуваат позициите на поседувачите на моќ.

Како сето ќе се разреши, секако не е во доменот на знаењето на еден новинар или било кој аналитичар од провинциско влијание и знаење.

Како тоа ќе се одрази кај нас во следниве неколку години? Ќе дојде до смена на носителите на власт според новите архетипови, кои ги бара времето. Дали ќе бидат помлади или со слични години не е најбитно.

Политичарите од типот на Груевски или Заев, Георгиевски или Црвенковски од општополитички формат, ќе се фрагментираат. Ахмети е одамна анахронизам, но неговата употребна вредност се црпи од други потреби. Ќе дојдат ликови кои го разбираат функционирањето на денешниот свет и тоа во сета негова суровост и по новите законитости. Ова е последниот стадиум на транзицијата кај нас. Запленетото треба да се сочува и одбрани. Кај останатите смртници тесната стручност ќе биде на цена, а знаењата кои даваат можност за согледување на покрупните слики, ќе останат за семинари и пишување на колумни на исфрустрирани интелектуалци.

Ова не значи дека ќе се намали потребата за демократизација на заедницата. Напротив, за тоа ќе се дебатира дури и повеќе и пожестоко, но зад сета таа завеса ќе се одвива еден рационален процес во чиј центар ќе биде добивката од инвестициите. И досега такви процеси постоеја, но сега тие ќе бидат  главна и нескриена основа на која ќе се моделира целиот економски и правен систем.

Кои ќе бидат тие ликови? И кај едниот и кај другиот блок се искристализираа партиски елити, кои не се огласуваат да бидат сменливи и променливи. И едните и другите се што имаат го стекнале со партиска припадност. Меѓу нив има и втора генерација на некогашни партиски истакнати ликови. Кај ВМРО тоа засега не се ликови на транзициски тајкуни од времето на приватизација туку од антиквизацијата, но тие сè уште не се осмелуваат на преголема легализација на својот имот. И кај едните и кај другите, имотот е стекнат низ процесот на општо земање од заедницата и доделување на поединци. Вмровците ќе почекаат нов бран на легализација, кога ќе се завршат процесите низ судските лавиринти.

Кај СДСМ полека ќе заврши времето на децениски истакнатите членови на партијата, чија општествена валоризација е самото членство и политичките позиции кои по таа линија ги заземале. Ќе има комбинација со имот и партиска идентификација, но овој пат само тоа нема да е доволно. Ќе мора да има и способност за менаџирање на процесите. Не разрешување на проблемите туку нивно менаџирање. Денес не се разрешуваат проблеми туку се менаџираат. Како во дијалектиката, ако се разрешат спротивностите ќе настане процес на создавање на нови односи и проблеми а тоа е револуција која никој не ја посакува. Затоа еволутивното „менаџирање“ е нов тренд на раководење на процесите. Нема да се заврши провинцијализацијата за која го обвинија Заев, зашто од Скопје ретко кој се враќа во Струмица. Сега тие се дел од партиските органи во центарот на државата.

Се губи ли идеолошката основа на социјалдемократијата? Тоа ќе зависи од тоа колку е релативизирана од либерализмот, кој и самиот се изметна под ударите на сопствените вируси. Но за неа како идеолошка основа на делувањето, ретко кој се заморуваш. Ако имаш десет милиони евра сопственост и дваесет години партиски стаж, кој има потреба да ти ги преиспитува идеолошките определби. Ти си партиски познат член и логично е да си некаде при врвот. За самиот врв ќе треба да се исполнат и некој други услови. Затоа аматерски се обидов да ги прикажам патиштата низ кои се движи светот. Погледнете го Скопје и неговиот центар и одговорот сами ќе го добиете. Кој ќе биде на чело на СДСМ или на ВМРО?

… Светилките светат зошто некој им пуштил енергија, а телефоните ни се залепени за ушите зошто некој тоа го овозможува. А тој е господар на светлината и на контактите…

За самиот крај на ова мое писание, на денот кога Горан Стефановски ги однесе своите дела во вечноста, извадок од неговото дело „Лет во место“: „не ме боли газот за народните права, ниту народот ги заслужува, ниту може да ги има, ниту ако ги добие ќе знае што да прави со нив“.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ