Поради смртен случај на член на семејството на еден судски поротник, денеска беше одложено рочиштето против тројцата обвинети за смртта на Никола Саздовски Саздо.
На минатото рочиште се презентираа наодите од судска медицина. Обвинети од страна на Јавното обвинителство за смртта на Никола Саздовски се Бесир Беља, Скендер Демири и Јетон Љужа, кој моментно е во бегство. Според обвинението, тројцата, кои се гонат за убиство на свиреп начин, со боксови го удирале Саздовски, а кога тој паднал на земја, тие продолжиле да го тепаат со клоци по целото тело.
Нападот на 20-годишниот Саздовски се случи на автобуска постојка во Автокоманда во јуни оваа година, а една недела по нападот, поради сериозните повреди, тој почина во болница.