Десетте градови низ Македонија, кои се вклучија на акцијата „Нахрани 10.000“, ја надминаа планираната храна која сакаа да ја соберат и обезбедија 6 тони храна која е наменета за социјално загрозените категории лица и семејства.
Граѓаните и компаниите кои се вклучени во акцијата донираа ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана риба, супа, бисквити, кечат, леќа, конзервирано овошје и зеленчук.
При собирањето на храната помогнале над 200 волонтери од дваесеттина организации, кои изминатиот период ја пакувале храната во пакети и започнле да ја делат.
„Акцијата покажа дека хуманоста е силна страна на нашите сограѓани, па затоа се надеваме дека ќе се зголеми нивниот интерес со посебен фокус на компаниите“, велат организаторите.
А. П.