Специјалното јавно обвинителство во врска со случајот „Тифани“ поднело жалба до Апелацискиот суд. Во жалбата, СЈО бара Ивона Талевска наместо условна казан да добие затворска казна и повисока парична казна.
Според информациите што излегоа во медиумите, СЈО во жалбата побарало обжалената пресуда да се преиначи како ефективна затворска казна за Талевска и повисока парична казна за правното лице „Смарт“ групацијата.
Сега за сега Талевска треба за месец дена да плати 1.000 евра казна, делот за трошоците за вештачењето и за една година треба да го надомести затаениот данок.
Доколку Талевска не стори кривично дело во наредните четири години, се ослободува од казна затвор од две години.
ЦМ