На месец дена пред официјалниот почеток на предизборната кампања за предвремените парламентарни избори, во момент кога датумот за избори беше 12 април, се насетуваше дека копјата на политичките партии најмногу ќе се кршат околу Преспанскиот договор и најавите за неговото укинување доколку ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт. ЦИВИЛ го постави прашањето: Реалност или популистички ветувања?
Во СКЕН – политички видео магазин: Со Преспанскиот договор или на него, објавен на 25 февруари 2020, се зборуваше за ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ и реалноста, обврзана со Преспанскиот договор.
На денешен датум пред две години се постигна Договорот од Преспа, внесувајќи ја државата во една поинаква и посветла иднина: Членство во НАТО и одлука за почнување преговори со ЕУ.
На праг пред повторно закажаните предвремени парламентарни избори на 15 јули 2020, остава да се види колку на изборната агенда на ВМРО-ДПМНЕ ќе биден застапен Пресанскиот договор.
Б. Ј.
СКЕН – политички видео магазин: Со Преспанскиот договор или на него