На 16-тата Меѓународна јуниорска Олимпијада по природни науки., што се одржа во Доха, Катар, две сребрени и три бронзени медали освоија македонските ученици Мајкл Георгиевски (9. одд.) од „Гоце Делчев“ во Кавадарци, Емилија Николовска (8. одд) од „Григор Прличев“ во Охрид, Никола Спировски (8. одд.) и Стефан Дрмач (9. одд) од „Јохан Хајнрих Песталоци“ од Скопје, Матеј Гелев (8. одд) од „Блаже Конески“ во Велес и Теона Кировска (9. одд.) од „Гоце Делчев“ во Свети Николе.
На скопскиот аеродром денеска со овации и возбуда беше пречекан младите генијални олимпијци. Учениците од „Песталоци“, своите другари ги пречекаа со огромен транспарент со името на училиштето.
Ова е трето учество на ученици од Северна Македонија. Оваа година го постигнаа најголемиот успех.