пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
Нашата земја повеќе години наназад, а особено во последно време, е цел на регионални и глобални центри на моќ кои против неа водат модерна специјална војна. Сведоци сме, низ годиниве, на разни обиди, меѓу нив и неколку прилично крвави, да се спречи нашето интегрирање во НАТО, што конечно ја затвора приказната околу опстанокот, безбедноста и сигурноста, спротивно на интересите на тие центри на моќ.
Се користат современи алатки за разузнавање, обучени луѓе, насилници, разни структури во политиката, подземјето, во медиумите, науката… за манипулирање на јавноста, сеење омраза, поттикнување насилство. Таква војна не се води само против Македонија, туку против многу други, поразвиени земји од нас.
Нашата земја, благодарение, пред сѐ, на нејзините умни и рационални граѓани, одолеа и на многу посериозни предизвици од оваа „хумористична“ измама на двајца луѓе, кои во нивните јавни настапи велат дека немаат ништо против да бидат оружје во рацете на Кремљ и да ги напаѓаат противниците на руската политика.
Инаку, околу диригираните барања за оставки, вака да ви каже најдиректно Младиќот: познато е правилото дека кога си во војна, претседател не се менува. Американците му дадоа, вон нивниот Устав, два мандати на Рузвелт за време на Втората светска војна, и победија.
Така и пред претседателот на Владата на Република Северна Македонија, и сите нејзини граѓани, стои предизвикот да се победи во оваа специјална војна и да се влезе во НАТО. Таа војна ќе потрае уште неколку месеци, а знаејќи што можат Зоран Заев и граѓаните кога се заедно, убеден сум дека ќе успееме и ќе победиме!
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.