• Latest

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност ја усвои Предлог – одлука за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба

December 11, 2020

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност ја усвои Предлог – одлука за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба

December 11, 2020 14:11
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Собраниската комисија за одбрана и безбедност на денешната седница ја усвои и ќе ја проследни понатаму Предлог – одлука за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на Пандемија прогласена од Светската Здравствена Организација од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2 и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението.

Инаку, во Предлог-одлуката стои продолжување на кризната состојба до 30 јуни 2021 година, за што пратениците од ВМРО – ДПМНЕ поднесоа амандман рокот да се намали на три месеци односно кризната состојба да се продолжи до 31 март 2021, што не беше прифатено од страна на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Во образложението Спасовски појасни дека е многу порационално да има можност за шест месеци кризна состојба отколку тоа да се прави на три месеци. Ги повика пратениците од опозицијата и им укажа на пратениците дека имаат деловнички можности да отворат дебата кога сакаат за сите прашања. Спасовски им предложи да ја искористат законската можност како пратеници – членови на Комисијата за одбрана и безбедност да учествуваат во работата на Управувачкиот комитет, каде што се разгледува планот и се носи план за кризна состојба, а се даваат предлози и мерки.

– Оваа кризна состојба во овој период од месец дена дава ефекти. Дали тие ефекти се доволни или не, тоа е веќе прашање на дисксусија. Ако погледнете не само во нашата државата, туку во регионот, Европа и светот, период во кој се подготвувавме за ковид кризата имавме многу помали бројки и затоа ние говоревме, пред се експертите во Комисијата за заразни болести укажуваа дека ќе дојде вториот бран, што ќе биде многу полош и за жал тоа ни се случува, но и на целиот свет. Имаме можност, има добри ефекти кои се во делот на кризната состојба, а во делот на тоа што е искористено како капацитет во кризната состојба ќе го добиете во известувањето, им се обрати на пратениците – членови на собраниската Комисија за одбрана и безбедност, министерот Спасовски.

Приватни ресурси, потенцира Спасовски, во овој момент не се искористени од ниту еден приватен правен субјект.

Информира дека Владата подготвува месечен извештај што го доставува до Собранието за прогласувањето на кризната состојба односно од 2015 година до денеска Собранието ги добива сите информации за тоа што се работи во кризната состојба во делот на миграцијата и сега на завршување на месец дена на кризната состојба ќе ги добие сите информации за тоа што е направено во кризна состојба.

Пратениците од опозицијата се изјаснија дека не се за тоа да се прекине кризната состојба, туку сметаат оти треба да се продолжи, но бараат извештај и објаснување што Владата искористила од можностите што и се отвораат со прогласување на кризната состојба. Оценија дека не доволно се искористени мерките и лошо се справуваме со ковид – епидемијата. Пратениците од ВМРО – ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски и Бране Петрушевски прашаа во која насока ќе се движиме понатаму, зошто е зголемен бројот на хоспитализирани, каква е превенција од Ковид – 19, а побараа и информација за тоа кои конкретни мерки се преземени односно искористени.

Министерот Спасовски истакна дека има пад на бројот на заразени, а подобрени се и здравствените услуги од почетокот досега.

– Ако сме имале капацитет 100 до 120 теста да се прават во март за КОВИД – 19, а сега правиме  од три до четири илјади покажува колку е зголемен капацитетот. Ако имавме  90 до 100 легла ковид во почетокот во болниците сега имаме 1400 – 1500 и има слободни места во системот, тоа покажува дека навистина се зајакнати овие мерки.

Во однос на превенцијата, Спасовски меѓу другото потенцира колку е важно каква порака ќе се испрати до граѓаните. Во таа насока на пратениците од опозицијата им рече дека не може да зборуваат за превенција, а вечер, подвлече Спасовски, да се групирате по 200 и 300  луѓе по собири, како опозиција. – Не знам зошто тоа се прави и да говориме за превенција, нема вистинска превенција ако така постапуваме неодговорно кон граѓаните, рече тој.

Според Павле Трајанов, пратеник од ДС, голема е одговорноста на Парламентот да ја прекине кризната состојба затоа што ако се влоши сосотјбата Владата ќе има стеснет простор да дејствува и затоа и смета дека треба да донесе одлука за нејзино продолжување. Сепак, потенцира можеби треба да се промени се додека има потреба од кризна состојба, но не подолго од 30 јуни 2021 година. Побара да се актуелизира потребата Владата и надлежните институции да подготват закон за вонредна и воена состојба, длабока реформа да претрпи  системот за управување со кризи заштита и управување, кој, според Трајанов е нефункционален и сугерираше  на неопходноста за конкретна платформа за дејствување во услови на пандемија./МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ