Времето денеска во целата земја ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од западен правец.
Максималните дневни температури во Скопје, Охрид и Крива Паланка ќе достигнат до 3 Целзиусови степени, Маврово -3, Берово 2, Битола 0, Кавадарци 4 и осум степени во Дојран.
Прогнозата за утре е слична на денешната – сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини со услови за слаба магла. Дневните температури ќе се движат од 0 во Маврово, Скопје 3, Охрид 6 до 10 степени во Гевгелија.
Во петок и за време на викендот ќе има зголемена облачност со локални слаби врнежи од дожд на пониските и снег на повисоките места и планините, претежно во западните делови.
По одделни котлини ќе има појава на магла.