• Latest

Состојба со Ковид-19 во светот до 10 часот

April 30, 2020

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Состојба со Ковид-19 во светот до 10 часот

April 30, 2020 10:18
in КОВИД-19, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени вкупно 3.229.816 лица. Од нив починале 228.376, а оздравеле 1.006.988 луѓе.

– Шведската активистка Грета Тумберг започнува кампања со данска фондација, давајќи му поддршка на УНИЦЕФ во борбата против новиот коронавирус. Таа изјави дека „пандемијата на Ковид-19, исто како и климатските промени, влијае врз правата на децата“, оценувајќи дека пандемијата долгорочно ќе влијае врз младите, посебно кај најзагрозените.

– Новиот коронавирус се појави во 214 земји и територии низ светот и зарази над три милиони луѓе, но 33 држави и територии се уште немаат пријавено ниту еден случај. Меѓу нив се земјите Комори, Лесото, Таџикистан и малите островски земји во Тихиот Океан, како Науру, Кирибати и Соломонските Острови.

– Јапонскиот премиер Шинѕо Абе изјави дека ќе ги консултира експертите дали да ја продолжи вонредната состојба во земјата, која е воведена на 16 април и треба да трае до 6 мај. Мерките за спречување на ширењето на новиот коронавирус во Јапонија се врз основа на убедување на граѓаните да останат дома, а компаниите да бидат затворени.

– Околу 100 милиони луѓе во градовите низ светот најверојатно ќе завршат во сиромаштија, оценуваат експерти за урбанизам, повикувајќи да бидат идентификувани ранливите групи и повеќе да се инвестира во сиромашните квартови.

– Пакистан го потврди најголемиот дневен раст на заразени случаи со коронавирус – 874. Вкупно се регистрирани 15.759 случаи на заболени, а 346 се починати. Земјата е во карантин, кој е продолжен минатиот викенд и ќе биде во сила најмалку до 9 мај.

– Јужна Кореја соопшти дека нема локални инфекции на Ковид-19, првпат во изминатите 72 дена. Има четири нови случаи на зараза, но сите се лица кои пристигнале од странство. Од почетокот на пандемијата во Јужна Кореја се потврдени 10.765 случаи на зараза, а 247 луѓе починале. Речиси 9.000 оздравеле.

– Директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Адханом Гебрејсус изјави дека ќе собере експерти од Комитетот за итни случаи за да го проценат развојот на пандемијата три месеци од прогласувањето на глобалната здравствена опасност од новиот коронавирус.

– Во Холандија животот го загубија 4.711 лица од коронавирус, што е повеќе отколку во Кина, со што земјата стана десетта држава која ја надмина Кина по бројот на починати.
– Во САД досега се регистрирани најмалку 1.038.000 заразени лица со Ковид-19, а 60.876 се починати.

– Јужноафриканската Република (ЈАР) со 354 новозаразени случаи забележа најголем дневен пораст за заболени со Ковид-19.

– Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини Светската здравствена организација дека и помогнала на Кина да ги прикрие размерите на пандемијата на Ковид-19 уште на самиот почеток.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ