Министерството за труд и социјална политика денешниот Меѓународниот ден на социјалната работа, оваа година го одбележува со фокус насочен кон важноста на меѓучовечките односи.Како што велат во нивното соопштение, денеска социјалните работници од целиот свет заеднички ги одбележуваат достигнувањата на професијата и ја подигнуваат јавната свест за клучната улога на социјалниот работник во креирање на позитивните промени во општество и грижа за ранливите категории граѓани.
„МТСП континуирано работи на унапредување на социјалните услуги во државата, со цел да обезбеди заштита и подобри услови за живот за сите граѓани. Токму ова се целите на новите Закони за социјална и детска заштита, кои треба да ги гласаат пратениците во Собрание. Овие закони се дел од социјалната реформа, со која околу 40.000 граѓани трајно ќе се извлечат од сиромаштија. Социјалната помош се зголемува за 300%, но предвидена е и поддршка за полесно вработување на ранливите категории граѓани, за да можат самостојно да се грижат за себе и за своите семејства. Дополнително, новите закони предвидуваат двојно зголемување на детските и образовните додатоци, со што се намалува детската сиромаштија и се создаваат еднакви можности за развој за сите деца“, велат од МТСП.