„Добивме дел од списите, штом ќе ги добиеме и останатите веднаш ќе одржиме седница на Советот на обвинители, а тоа најверојатно ќе биде во текот на наредната недела“, изјавил претседателот на Советот на обвинители Коле Штерјев за Плусинфо.
Седница на Советот ќе се закаже кога ќе пристигне и дополнитиелниот материјал. Се очекува седницата да биде закажан наредната недела, нак оја ќе започне постапката за разрешување на специјалната Катица Јанева, третоосомничена во аферата „Рекет“ најверојатно во текот на наредната недела.