Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари средба со новоназначената амбасадорка на Србија во Северна Македонија Невена Јовановиќ, на која беше потенцирана одличната соработка меѓу министерствата за внатрешни работи на двете земји, но и генерално меѓу двете држави, посебно во делот на културата и економијата.
Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи, посебен интерес на средбата бил изразен за продолжување на одличната соработката во областа на миграциите и успешните активности за спречување на илегален влез на мигранти и борбата против нивно криумчарење.