„Точно дека има барања и тоа не само од Куманово туку и од другите градови за карантин. Но, треба да знаете дека одлуките ги носиме врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести и епидемиолозите и она што тие го препорачуваат и кога е неопходно нешто да се преземе. Сите мерки што се донесени се врз основа на тие преораки затоа што сметаме дека како Влада, пред сè треба да ги послушаме стурчните лица. Тоа што го кажуваат лекарите, тоа што е најефикасно и во кој момент тоа треба да се спроведе, да го направиме заеднички“, изјави премиерот Оливер Спасовски на денешната прес конференција во Куманово, пред почетокот на седницата на Општинскиот кризен штаб.
„Сега е моментот велигденските празници да ги прославиме во кругот на нашите семејства и во духот на нашата традиција. Ние немаме одлука за затворање на верски објекти ниту за непрактикување на верата затоа што тоа не може да се донесе. Во каква состојба да се наоѓа државата, тоа е нерикосновено право на граѓаните“, истакна Спасовски одговарајќи на новинарско прашање поврзано со повикот на МПЦ за велигденските празници со воведување на термини за во црква.












