Врз основа на договорот меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама, Секторот за вонредни ситуации при српското Министерство за внатрешни работи ќе испрати 13 припадници на Специјалистички тим за потрага и спасување од рушевините и пружање помош по земјотресите кои се случија во близина на Тирана и Драч.
Овој тим за вонредни ситуации ќе интервенира со отстранување на последиците од земјотресот, односно со бушење и кршење на бетонот и расчистување на остатоците од урнатите објекти.
П. К.