Албанскиот парламент вчера изгласа формирање на специјална комисија која треба да го истражува и евентуално отповика претседателот Илир Мета, поради неговиот неуспешен обид да ги откаже локалните избори.
Локалните избори се одржаа на 30 јуни, но причината на Мета беше дека нивното одржување ќе би било недемократско со отсуство на опозицијата која би ги блокирала.
Албанските опозициски партии продолжуваат со протестите по бојкотот на изборите. Вчеар тие побараа и оставка од премиерот Еди Рама, пред , по што за кртко време, без инциденти протестите завршија.
Албанската опозиција најавува дека ќе продолжи со протестите, а во меѓувреме ќе се чека на одлуката на Комисијата за можно разрешување на Мета што треба да се донесе во рок од три месеци.