Специјалното обвинителство на Косово побара од судот во Приштина да го повика премиерот Албин Курти како сведок во случајот со злоупотреба на државните резерви. Курти претходно бил повикан, но не се појавил, нудејќи да даде исказ од неговата канцеларија.Главниот обвинител Блерим Исуфај го демантираше неговото тврдење дека владини функционери дале исказ во Владата.
Како резултат на тоа, косовскиот премиер Албин Курти го нарече Исуфај режисер на сценарио во кое премиерот на државата се прикажува како влегува во објектот на Специјалното обвинителство за испрашување.
Доколку и овој пат премиерот на Косово одбие да даде исказ, може да биде казнет со парична глоба до 250 евра, или да биде приведен.
Како осомничени во случајот се и министерката за трговија и неколку државни службеници.
Премиерот на Косово е повикан како сведок, додека како осомничени во случајот за злоупотреба на државните резерви се Министерката за трговија, Розета Хаџари, функционерите на ова министерство Ирфан Липовица и Хафиз Гара, како и бизнисменот Ридван Мухареми.
A.M.