Според извори на Унгарски тајмс Никола Груевски, ги исполнил условите да добие азил во Унгарија. Според изворите на медиумот била спроведена детална проверка на податоците кои Груевски ги навел во апликацијата по што унгарските власти, пишува овој медиум, ги разгледувала стравувањата дека неговиот живот ќе биде во опасност ако се врати во Македонија затоа што македонските власти нема да го заштитат.
Сите унгарски медиуми ја пренесуваа веста, заедно со инфорамцијата дека Канцеларијата за имиграција кои ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат со образложение дека оттаму можат да му дадат таква информација само на засегнатото лице, во случајот Груевски, и на Комесаријатот за бегалци на Обединетите нации.
Груевски во барањето за азил потенцирал дека македонската влада презема антидемократски чекори и го злоупотребува судскиот систем, а унгарските власти ги споредиле сите негови наводи со документите и соопштенијата за медиуми во Македонија и утврдиле дека поранешниот премиер не лажел, велат унгарските медиуми.
Б. Ј.