• Latest

Спорот со Бугарија треба што поскоро да се реши, Апелација ја потврди затворската казна за Груевски, учениците во Долно и Горно Јаболчиште заглавени меѓу училишните клупи и партиските препукувања

November 29, 2021
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Спорот со Бугарија треба што поскоро да се реши, Апелација ја потврди затворската казна за Груевски, учениците во Долно и Горно Јаболчиште заглавени меѓу училишните клупи и партиските препукувања

November 29, 2021 17:02
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска имаше средба со евроамбасадорот Дејвид Гир на која се разговараше за евоинтеграцијата на Република Северна Македонија, за натамошното унапредување на реформските процеси и политиките на дијалог и стратешките цели на државата, соопшти кабинетот на вицепремиерот Груби.

-Спорот со Бугарија и решавањето на овој спор меѓу двете земји беше дел од разговорот меѓу Груби и Гир, со особен акцент постигнувањето на договор што е можно поскоро и надминување на овој спор бидејќи патот на Република Северна Македонија кон Европската Унијата е од особена важност и решавање на дискутираните прашања во дијалогот без никакво одлагање со претседателот Радев и со новата влада во Софија, се наведува во соопштението од средбата.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Питер Ванхауте, меѓународен медијатор на високо ниво, експерт за јакнење на парламентот и политичките партии во интервју за ЦИВИЛ Медиа говори за односот на Бугарија кон решавањето на спорот со Република Северна Македонија.

„Имате процес на пристапување кон ЕУ, што моментално е комплициран, така што треба да најдете начини да разговарате со ЕУ. Ако нема премиер, кој ќе разговара со ЕУ утре? Друго прашање е секако конфликтот со Бугарија. Бугарите ова го сакаат, бидејќи ќе излезе дека тие се во право со своите постапки и дека нивниот пристап за креирање хаос успева. Очигледно, тоа е она што го сакаат и се чини дека засега им успева“, изјави Ванхауте во однос на спорот со Бугарија.

РЕПОРТАЖА / ОБРАЗОВАНИЕ

Екипата на ЦИВИЛ Медиа ја посети општина Чашка и селата Долно и Горно Јаболчиште, по добиена граѓанска пријава дека учениците од двете села немаат услови за следење настава, односно наставата ја следат во верски објект поради отсуство на училишен објект којшто е срушен и се чека на изградбата на новиот.

Во Долно Јаболчиште се сретнавме со родители на ученици од основното училиште, коишто низ разговор посочуваат дека проблемот е политички, односно дека дел од власта е во спрега со опозицијата, па затоа условите за настава во овие предели (двете села), не се приоритетни за нив. Еден од родителите го обвини градоначалникот на општина Чашка дека врши дискриминација над учениците во двете села, бидејќи условите во Чашка, каде што има значително помал број ученици, се многу подобри отколку во училиштата во селата Долно и Горно Јаболчиште, кадешто наставата ја следат околу 800 ученици.

ФЛЕШ ВЕСТИ 

ПРЕСУДА Апелацискиот суд Скопје ја потврди првостепената пресуда на Кривичен суд Скопје за случајот „Насилство во Општина Центар”, во кој првообвинетиот Никола Груевски беше осуден на 1 година и 6 месеци затвор, а останатите беа осудени на условни казни, односно алтернативни мерки. Воедно, скопска Апелација предметот „Тарифа” го врати на повторно судење.

ИНФРАСТРУКТУРА По повод 29 ноември – Денот на ослободувањето на Албанија од фашистичките окупатори, пуштен е во употреба автопатот „Rruga e Arbrit“ (Патот на Арбр), кој ја поврзува Албанија со Северна Македонија на границата кај Дебар.

ЕКО-КАМПАЊА Климатската промена е факт, а и нејзините последици кои ќе станат се потешки и сложени и ќе влијаат на секој дел од планетата. Треба да делуваме веднаш и глобално. Зелениот договор е повеќе од само една политичка лекција и се состои од практични акции и дејствија коишто сите треба да ги имплементираме и постојните и идните земји членки. Целта е нула емисии на стакленички гасови до 2050 година, со што Европа ќе стане првиот климатски неутрален континент. Ова го истакна шефот на Делегацијата на Европската Унија во државава Дејвид Гир на денешната промоција на новата кампања „ЕУ со ТЕБЕ“ фокусирана на Европскиот зелен договор, која симболично беше замислена да започна во пет до 12 часот.

СРЕДБА Во Клубот на пратениците во Скопје попладнево во тек е средбата на премиерот Зоран Заев и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, за вклучување на партијата во Владата и парламентарното мнозинство.

МЕРКА Од среда, 1 декември, ќе стапи во сила забраната за пластични кеси, односно ќе биде дозволена продажба само на биоразградливи кеси за кои ќе се наплатува надомест од 15 денари за специјален фонд за животна средина.

МОНИТОРИНГ

Пред два дена на социјалната мрежа Фејсбук се појави лажен профил со името и презимето на градоначалникот на општина Чашка, Горан Стојановски (Goran Stojanovski), преку кој се ширеше говор на омраза по етничка основа, најверојатно со цел да се предизвика меѓуетничка нетрпеливост. За таа цел ја  злоупотребија трагедијата во Бугарија во која загинаа 45 македонски граѓан(к)и.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Заев направи три крупни упади во редефинирањето на рецептите и соодносот на мирудиите во овдешното партиско кулинарство. И за трите интервенции многумина партиски дејци уште долго нема да му простат… За да се измери вистинскиот демократски капацитет на СДСМ, сега е моментот сите кои мислат дека треба да се кандидираат за лидерското место во партијата тоа и да го сторат. Оти, во политиката, за оние кои подолгорочно се гледаат во таа професија, не мора секогаш да се оди на „сигурна“ победа – и начинот на кој ќе изгубиш може да е влог во идната, а и сегашна, успешна кариера“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Ќе извади ли СДСМ билет во еден правец?“.

„Веројатно светот се движи по некој цикличен распоред одреден од карактерот на човекот како поединец и на човештвото во целост. Еднаш победува неговата нечовечност, а друг пат на пиедестал се става неговата подобра страна на природата. Теолозите имаат едноставно објаснување“, пишува Војо Маневски, во колумната „Смена или промена?“.

Д. Муратов
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ