#1од5милиона е слоганот под кој секоја сабота попладне се одржуваат протестите во Србија, што започнаа пред околу еден месец. Првиот протест се одржа во Белград, а сега протести се одржуваат и низ цела Србија. И вечерва беше еден од тие масовни многуилјадни протести.
Се протестира против автократското владеење на Вучиќ, медиумскиот мрак, корупцијата и сиромаштијата. Најновото барање на организаторите е да бидат информирани и вклучени во решавањето на проблемот на Косово. Граѓанското движење го сочинуваат граѓански и политички структури од различни страни на политичката палета. Следниот протестен собир е закажан за 16 јануари.
Србија е на нозе и се буди. Против Вучиќ.
Б. И.