Categories

ПОДДРШКА Средба на Ахмети со американскиот помошник државен секретар Мичел

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ),  Али Ахмети, во Скопје се сретна со американскиот  помошник државен секретар, Вес Мичел и Амбасадорот на САД во Македонија,  Џес Бејли, соопшти денеска ДУИ.

Високиот претставник од Соединетите Американски Држави, стои во соопштението, ја поддржал евроатланската перспектива на Македонија и регионот.
Ахмети изразил голема благодарност за придонесот на САД за слободата, мирот и демократизацијата не само во Македонија, туку во цела Југоисточна Европа.
– Постигнатиот успех во овие две децении е заеднички и се заокружува со спроведувањето на Договорот од Преспа и интеграцијата во НАТО и ЕУ. За тоа, Ахмети лично, но и сите од Демократската унија за интеграција се целосно мобилизирани и посветени на успехот на овој процес  затоа што тоа го сакаат граѓаните на ова земја, Албанците, Македонците и сите други, се подвлекува во соопштението.
Ахмети, се посочува во соопштението, исто така ја искористил приликата да истакне колку ДУИ е посветена на владеењето на правото,  борбата против организираниот криминал  и корупцијата  и воопшто на системските реформи. (МИА)
Print Friendly, PDF & Email