• Latest

Средба Заев – Гаши, проширувањето заложник на неевропски вредности, НВО во земјава ќе работат на спречување на корупцијата и криминалот, Полска солидарна со Северна Македонија

November 19, 2021
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Средба Заев – Гаши, проширувањето заложник на неевропски вредности, НВО во земјава ќе работат на спречување на корупцијата и криминалот, Полска солидарна со Северна Македонија

November 19, 2021 16:37
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Средба на Заев и Гаши за влез на Алтернатива во Владата, најавено ново парламентарно мнозинство

Можноста за приклучување на пратениците на Алтернатива во парламентарното мнозинство и за влез во Владата, ќе биде тема на најавената за денеска средба на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши. Средбата во Клубот на пратениците започна во 15:30 часот.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието, Јован Митрески синоќа на ТВ 24 кажа дека имаат мнозинство во овој момент од 61 пратеник, како и дека Заев ќе има средба со лидерот на Алтернатива и други претставници на опозицијата на која ќе се разговара со зголемување на новото парламентарно мнозинство.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Димитров: Дали земјите членки на ЕУ може да поставуваат услови кои се косат со европските вредности

Низ нашиот трнлив пат, ја усовршивме трпеливоста бидејќи причината за одложување на почетокот на пристапните преговори не беше неисполнувањето на копенхашките критериуми, туку билатерален спор. Вложивме огромен политички капитал на основа на ветувањето од ЕУ, меѓутоа кога ветувањето не е исполнето, довербата станува проблем и ЕУ го губи своето влијание во овој стратешки важен регион. Јасно е дека земјите членки имаат влијание во процесот на пристапување и да ги наметнат своите национални интереси, но дали тоа значи дека можат да поставуваат и услови кои се косат со европските вредности? Главната замка во процесот на пристапување е да стане заложник на билатерални прашања. Најдобар и единствен начин земјите да растат заедно, да станат помудри и позрели во политичка смисла е токму преку европскиот проект, истакна Димитров.

 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЈАВЕН ПОВИК Со цел креирање на ефикасни мерки и дополнување на Планот за борба против корупција, денеска од Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, е објавен Јавeн повик до невладини организации во земјава кои работат во областа  на спречување на корупцијата и криминалот.

Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на вицепремиерот, преку овој повик, се повикуваат невладините организации кои работат во оваа област да достават свои предлози за креирање на мерки и политики за борба против корупцијата и криминалот. Доставените предлози треба да содржат: конкретни препораки и образложение за истите, конкретни активности за спроведување на препораките, надлежни институции за спроведување на активностите, предлог рок за исполнување на активностите.

ПОСЕТА  Република Полска ја покажува својата солидарност кон Република Северна Македонија на патот кон нејзиното членство во ЕУ. Двете држави како членки на НАТО заеднички споделуваат и покажуваат солидарност, но нашата поддршка продолжува и понатаму, истакна полскиот претседател Анджеј Дуда на заедничката прес-конференција во Скопје со претседателот Стево Пендаровски.

Дуда искажана благодарност за солидарноста од С Македонија и од претседателот Пендаровски во делот на проблемите на границата со Белорусија со кои во моментов се соочува Полска.

 ЕНЕРГЕТИКА Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска порача дека будно ја следат состојбата со електрична енергија и ценовните шокови и ако има потреба со финансиски средства ќе интервенираат.

– Будно следиме, ако има потреба на почетокот на следната година со интервенирање со финансиски средства, имаме предвидено средства во буџетот, и тоа ќе го направиме, затоа што сметаме дека само така знаеме кога на граѓаните и на стопанството им е потребна помош од страна на Владата, рече Битиќи на новинарско прашање на отворањето на Центарот за поддршка на социјални претпријатија и на првиот Национален саем за социјални претпријатија во Скопје.

 СРЕДБА Сметам дека пратеникот Реџепи направи мудра политичка одлука и со своето политичко делување го зачува евроатлантскиот курс на земјата, не дозволувајќи притоа загрозување на процесот на интеграции во еден чувствителен период кога се очекува да бидат донесени клучните одлуки. Со особено задоволство прифатив да упатиме заеднички повик за политичка консолидација на сите прогресивни сили во земјава, со цел искористување на претстојните можности кои ги нудат зимските самити на ЕУ а со цел остварување на стратешките цели на државата.

Ова го пишува на официјален фејсбук профил министерот за надворешни работи Бујар Османи кој утрово на иницијатива на Кастриот Реџепи имал средба со пратеникот, на која го запознал „подлабоко и пошироко со процесот на европски интеграции, и последните состојби во надворешната политика“.

 РЕИНТЕГРАЦИЈА Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за труд и социјална политика и локалните самоуправи и со поддршка на Европската Унија, почна активности во рамките на регионалниот проектот „Зајакнување на националните и локалните системи за поддршка на ефективна социоекономска интеграција на повратниците во Западен Балкан“.

Проектните активности ќе се реализираат во текот на три и пол години со цел поддршка на ефикасна реинтенграција на повратниците од земјите на ЕУ со посебен фокус на Ромите. Истовремено, ќе се работи и на подобрување на капацитетите на институциите на локално и централно ниво од земјите од Западен Балкан како поефикасно да одговорат на потребите на оваа ранлива категорија.

 БЕЗБЕДНОСТ Претседателот на Собранието Талат Џафери, и директорот на Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (ДКАФ), Томас Гербер, потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (ДКАФ) и Северна Македонија, за партнерство во спроведувањето на „Програмата за реформи во секторот за безбедност и разузнавање во Република Северна Македонија“ (2021-2026).

ДИСТРИКТ

Во Дистрикт на Цивил Прес Студио, интервју на Зоран Иванов со Арбен Зеќири, новинар, уредник, актуелен советник за односи со јавност на политичката партија Алијанса за Албанците. Тој зборува за: Новинарството и политиката, власта и опозицијата, изборните победи и порази, Алијанса и владата, „бракот“ со Алтернатива, коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, кој и од кои причини го потопи најавеното ново парламентарно мнозинство и за уште по нешто.

           

СЛОБОДНА ЗОНА

Банкарското лоби во Македонија – не се тоа (само) директорите на банките, туку нивните главни акционери, што не се бројат во повеќе од стотина семејства – без сомневање е највлијателниот круг на луѓе кои ја „топат“ секоја политичка елита на власт (нормално, кога и персонално самите не се на власт). Нема премиер, министер за финансии, а ретко и гувернер на Народна банка, кој смее да им чепне во профитот… Нема ни обвинител кој може да ги вознемири – дури и кога една банка славно ќе пропадне, секогаш се виновни глупавите штедачи! Нема судија што може да досуди вон нивна корист, дури и кога правото треба да се изгази под нозе… Впрочем, најголемите криминали се секогаш законски, бидејќи и „надлежните“ закони се така направени, што банкарското лоби одамна си ја има обезбедено неказнивоста во нив, а во најлош случај така легално ќе се одолговлечат постапките, што сите засегнати страни попрво (банкротирани) ќе испоцркаат, пред да дочекаат правосилна судска одлука што е против нечиј банкарски интерес, читајте во новата колумна на Сашо Орданоски „Светата крава“ на банкарството топ не ја бие! “.

 

Д.Мишев

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ